Престанете да се обидувате да бидете среќни: Среќата не е цел, туку резултат

Според Zhou Zhuang, познат кинески филозоф, „среќата претставува отсуство на потрага по среќа“.

prestanete-da-se-obiduvate-da-bidete-srekjni-srekata-na-e-cel-tuku-rezultat-01.jpg

Доколку сакаме ова да го примениме и во реалниот живот, одеднаш би се нашле во ситуација да мораме да направиме едно целосно трансформирање на нашите идеи и начинот на кој функционираме. Бидејќи секој ден најголемиот дел од нас го организираат времето во функција на сето она кое им носи насмевка на лицата.

За време на викендите излегуваме, се обидуваме да се забавуваме, бидејќи сме убедени дека контактот со луѓе и богатиот социјален живот ќе не направат среќни.

Времето кое го поминуваме со пријателите и познаниците се обидуваме да го искористиме за разговори на весели теми кои би ни ја одржале насмевката.

Потоа се враќаме дома, поминувајќи ги ноќите сами и чекајќи го принцот на бел коњ (бидејќи невозможно е да си среќен доколку си сам, нели?).

Но, она што овој кинески филозоф ни го нуди е размислувањето за среќата на сосема поинаков начин.

Среќата не нешто кое се учи или практикува, среќата се појавува само како резултат на активностите кои не ја условуваат, тука ја создаваат.

Самото претерано концентрирање и подредување на денот и активностите во него насочено кон една цел, која е духовна, а не материјална, најчесто доведува до појава спротивен ефект.

„Кога луѓето сакаат да бидат среќни најчесто си поставуваат цели кои се многу високи и тешки за достигнување, па наместо посакуваната среќа стануваат уште понесреќни“ – објаснува тој.

„Среќата е нешто кое треба да произлезе од нас самите, па затоа престанете да ја барате во богатиот социјален живот и социјалните мрежи. Најчесто среќата не доаѓа во формата која сте ја замислиле и доколку сте сконцентрирани само на неа, всушност ги пропуштате сте останати облици во кои таа се појавува пред вас.“ – заклучува овој филозоф.

Затоа, за да бидете навистина среќни вратете се еден чекор наназад и препознајте ја среќата во најнеочекуваната форма.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...
Росана Сариќ на календар, Дарио во бунда - Ретро-фотки кои ќе измамат насмевка на сите што растеа во... Наум Петрески млад во нукрачко одело, Тијана со црвена коса, Ребека во бикини - ...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Некогаш праќавме разгледници, денес фотки на Вибер - 7 илустрации колку се смени летувањето низ годи... Порано можевме целосно да се исклучиме од работа кога одевме на одмор... Но, ден...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg