Смалената облека „магично“ ја снемува: 8 знаци дека вие сте најстарото дете во семејството

Семејството е најважната компонента од човековиот живот, но доколку сте постарото дете не само што сте попаметни, туку имате и многу поголеми привилегии, а и маани во однос на помладите.

8-dokazi-deka-vie-ste-najstaroto-dete-vo-semejstvoto-001.jpg

Иако помалите деца се фаворит на целата фамилија, сепак постарите деца се главни.

Ова се 8-те докази дека вие сте постарото дете:

1.  Вашата облека исчезнува без трага

... И тогаш апсолутно знаете дека виновникот е помалото братче или сестриче и дека сами ќе мора да си ја вратите исчезнатата облека.

2. Се чувствувате тажно кога тие ќе пораснат

Понекогаш помислувате дека би било убаво сѐ уште да беа бебиња, но сепак ви е јасно дека нивното растење носи изобилство од забавни моменти.

3. Уживате во наговорување да направат глупост

И една од вашите најголеми радости во животот е да ги гледате како се обидуваат да се оправдаат за постапките на кои вие сте ги наговориле.

4.  Ја поседувате целата моќ на светов

Или бар така ви се чини кога треба да го опишете односот со помладото братче или сестриче.

5. Уживате да ги правите работите кои ги прави вашето помало братче или сестриче иако сте големи за тоа

И никој, ама баш никој не смее да дознае за тоа. 

6. Првото седиште во автомобилот е секогаш ваше

Едноставно тие се премногу мали за да седат напред и тоа засекогаш така и ќе остане.

7. Понекогаш се однесувате премногу заштитнички 

Никогаш нема да оставите некој да го малтретира вашето помало братче или сестриче – вие сте единствената личност која има таква привилегија.

8. Семејните албуми се преполни со ваши фотографии

Иако вашите родители подеднакво ве сакаат сите, сепак најмногу се потрудиле да го овековеат вашето детство – сепак сте биле први.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg