12 карактеристики по кои креативните луѓе се разликуваат од останатите

Екстремно креативните луѓе честопати се чувствуваат како да не припаѓаат во овој линеарен, логичен свет. 

12-karakteristiki-na-kreativnite-individui-koi-gi-razlikuvaat-od-ostanatite-lugje-01

Тие се чувствуваат поразлично од другите бидејќи е научно докажано дека нивниот мозок има структурни разлики кои предизвикуваат уникатно и поинакво размислување за разлика од другите луѓе. Креативните индивидуи имаат посилна интуиција и ниво на имагинација. И токму поради тие причини тие се поинакви.

А, ова се работите од кои креативните индивидуи се разликуваат од другите:

1. Имаат милион идеи кои постојано им се вртат низ главата

Нивните мозоци никогаш не запираат – тие секогаш имаат нови, свежи идеи кои сакаат да ги кажат, но ретко можат да откријат кои се вистинските што им се потребни. Тие гледаат инспирација и можности каде другите не гледаат ништо.


2. Предизвиците ги гледаат како можности

Креативните луѓе не оставаат ништо да го попречи нивниот пат до успехот – иако другите луѓе не одобруваат, креативните луѓе сепак продолжуваат да го прават она што го зацртале. Тие постојано ги преминуваат бариерите и границите, макар и за да се чувствуваат живо или да почувствуваат задоволство од нивната работа. За нив, реалноста е здодевна и бескорисна без уметност и тие ја користат нивната креативност како бегство од светот.


3. Нив им е особено важно да бидат автентични

Тие никогаш не би го загрозиле својот уникатен карактер во име на другите луѓе. Нив не им е грижа дали ќе заработат 10 или 1.000.000 денари, нив им е грижа дали чувството што го имаат работејќи ги тера да продолжат да се трудат, а не можноста да бидат познати или богати. Тие го прават она што чувствуваат дека е правилно  и не се грижат за туѓото мислење и одлуки поврзани со нивниот живот.


4. Имаат многу мал праг на внимание

Денес ова се гледа како на лошо нешто и многу деца пијат апчиња за да можат да ја пратат наставата на училиште. Но, креативната личност на ова гледа како на предност, позитивно нешто бидејќи за време на тие кратки моменти внимание може да постигнат врвни нешта. Додека имаат внимание, тие на ова гледаат како на можност да создадат нешто неверојатно, а потоа продолжуваат на следната задача или проект. Исто така, креативните луѓе имаат способност да жонглираат со повеќе проекти во исто време, но не секогаш ги завршуваат сите. Но за нив, исполнетоста не доаѓа од крајот на проектот, туку од самата работа додека не се заврши.


5. Работат само кога се чувствуваат така

Што значи, стандардното 8-часовно работно време за нив не функционира. Тие создаваат кога ќе посакаат и не се чувствуваат добро кога шефот ќе им каже што да прават, кога да го прават, како да го прават, зошто треба побрзо да работат и сл. Креативните луѓе се неверојатно независни и тие се најквалитетни кога работат хонорарно.


6. Уживаат во долги периоди на осаменост

Светот има брзо темпо и тоа особено влијае врз креативните луѓе. Ним им е потребно голем период кој ќе си го посветат на себеси за да ги наполнат батериите и за да црпат инспирација за нивниот креативен мозок. Тие имаат потреба од тишина за да ги обработат милионите мисли кои и онака им се врткаат низ главата.


7. Имаат потреба од сопствен простор

Без разлика на кој тип на креативна работа го работат, без разлика дали е пишување, цртање, глума, градење, свирење музика и сл. сите креативни луѓе имаат потреба од инспиративен простор во кој ќе работат. Тоа може да биде во домот, качени на дрво, во кафуле, во библиотека, но без разлика на просторот во кој работат, тие мора да се чувствуваат корисно за да се инспирираат и нивните мисли да станат реалност.


8. Тие се многу нежни

Можеби оваа карактеристика кај нив најмногу создава чувство на несфатеност. Тие функционираат поинаку од другите луѓе – честопати водени од емоциите, наместо од логиката. Всушност во текот на денот, тие носат одлуки врз основа на тоа како се чувствуваат во моментот или што им кажува интуицијата. Лесно може да бидат повредени и честопати црпат инспирација од нивната болка.


9. Нивните емоции постојано се променуваат

Креативните луѓе преминуваат од радосни во меланхолични во рок од неколку секунди. Бидејќи тие толку длабоко чувствуваат, сѐ што допира до нив, допира до јадрото на нивната душа и живеат во свет воден од чувства и емоции. За нив, логиката нема смисла и тие мора да ги издржат брановите емоции кои течат низ нив бидејќи така се „програмирани“. Креативните луѓе ги оставаат емоциите да протечат низ нивната работа и никогаш не се воздржуваат. Тие не ги трупаат нивните емоции – наместо тоа, тие оставаат нивната работа да им биде како издувен вентил за да се искажат.


10. Црпат инспирација од искуството

Брзо стануваат незаинтересирани  и им станува здодевно кога не го чувствуваат сето она што светот го има да им го понуди. Ова објаснува зошто креативните луѓе не се чувствуваат исполнето работејќи „секојдневна“ работа или слушајќи предавање на факултет. Тие имаат потреба од неконвенционални начини на учење и созревање, а за нив тоа значи директно искуство на уникатен начин – совршен пример е патување низ светот. Тие многу повеќе ќе научат ако го доживеат нештото отколку ако читаат или гледаат како живеат другите.


11. Тие ја измислиле прокрастинацијата

Креативните луѓе се особено познати по завршување на проект во последниот момент, тие не се трудат, но нивната најдобра работа испливува на површина кога се под огромен притисок.


12. Никогаш нема да пораснат

За разлика од останатите, креативните луѓе го гледаат светот низ поразлична, помалку сериозна призма. Нив не им е грижа за пари, бројки и живот без ризик – нив им е грижа за авантура и максимално живеење на животот, а тие тоа го прават така што се препуштаат на нивната љубопитност. Макар и за еден момент, тие живеат за шансата да се чувствуваат живо. Тие играат, учат, се смеат, љубат и го гледаат светот низ магични и невини очила. Нивното чувство за љубопитност никогаш не ги напушта и тие секогаш ќе бидат возбудени за она што животот го има да им го понуди.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Продавачка во маркет во Битола со насолзени очи ме замисли: „Дали ги почитуваме правата на работници... Симпатична продавачка во години, прилично растревожена и нервозна, со солзи во о...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg