Колку е тенка границата меѓу грижата за личната среќа и себичноста?

Велат дека секогаш треба да мислиме на сопствените интереси и дека никогаш не смееме да дозволиме другите да „газат“ на нас. Но, што кога грижата за сопствените потреби ќе премине во себичност?

kolku-e-tenka-granicata-megju-grizata-za-licnata-strekja-i-sebicnosta-01.jpg

Себичноста е замка без дно, во која секој може да падне ако е заведен од сопствените желби и потреби. Клучниот аспект лежи во контролата, до која мера сте способни да направите нешто за да дојдете до работите кои ги посакувате?

Себичноста е непријател на меѓучовечките односи.

Мајката не смее да биде себична, пријателите не смеат да мислат само на своите потреби, љубовниците мораат да ги делат работите и да ја прифатат другата страна.

Во кој момент можете да препознаете дека сте себични?

Себичноста се развива во неколку фази:

Прва фаза: Зборувате само за себе.

„Мислам дека треба да отидеш. Мислам дека треба да го прифатиш мојот предлог, јас знам најдобро.“

Втора фаза: Ги негирате туѓите желби и потреби.

„Мислам дека немаш доволно искуство за ова. Дозволи ми јас да ја завршам работата.“

Трета фаза: Правите грешки, а не сакате да ги признаете.

„Молам? Јас да згрешам? Нема шанси.“

Четврта фаза: Ги обвинувате другите дека ве повредиле, без да сфатите дека и вие сте допринеле.

„Ти си виновен.“


Кога личноста е себична, таа ќе направи околу себе мал круг на луѓе и во него ќе бидат само оние кои одговараат на потребите на таа личност. Кругот се затвора за сите оние кои размислуваат поинаку.

Егото го создава таквиот круг, а таквата личност не дозволува никаква критика или поинакво размислување. Таквиот свет е мал, а во него диктаторот следи опкружен со пријателите кои му одговараат и ги задоволуваат неговите потреби.

А, најубавите односи произлегуваат од разликите, кога некој ви дава предизвик да станете подобра личност, а не да се вртите во сопствениот магичен круг на себичноста.

Еднаш штом ќе се сложите околу преференциите, почнува да се развива здрав однос.

Пријателството кое преживува конфликти е вистинско пријателство кое не треба да се менува само за да пронајдете личност која нема да ве тера да бидете подобри.

А, себичноста ќе го покаже своето темно лице еднаш штом ќе ги изгубите пријателите и личностите кои го топлеле вашето срце.

Единствениот лек е конечно да се соочите со себе, а тогаш започнува макотрпната битка за наклоност од оние кои сте ги загубиле.

„Огледалце, огледалце. Кој е најубав на светот? Мора тоа да сум јас“. Како и во познатата бајка, така и егото функционира како кралицата која сака да ги собори сите ривали, а најголемиот ривал се наоѓа токму во вас.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg