Некои датуми се памтат вечно...

Велат времето минува, велат под негова команда сè се менува, но постојат трагови кои едноставно се неизбришливи. Колку и да се обидуваш да ги заборавиш и без разлика колку време поминало тие остануваат поврзани со битието кои ги доживеало.

nekoi-datumi-se-pomnat-vecno-01

24.02.2013 - Денот кога таа ја зеде мојата рака и ме убеди дека животот има смисла. Ме научи на топлината на бакнежот и ми покажа како чука забрзано едно човечко срце. Ден кога сè доби смисла, кога се започна реченица на една од најубавите приказни во мојот живот. Кога се врати вербата, кога се врати надежта, кога започна почетокот на сите мои краеви.

10.05.2014 - Денот кога се роди таа, мојата среќа мојата радост, мојот живот, мојот свет. Човечкото битие кое го промени коренот на моето стебло, нејзината појава како исцелување ги излечи сите приказни кои ме прогонуваа дотогаш, нејзината насмевка даде нова димензија на нашето заедничко постоење. Ден кога ја крунисавме нашата љубов.

20.05.2014 - Денот кога слушнав страшна дијагноза, кога ми се потресе секоја клетка во моето тело, кога посакав тие зборови да не беа изговорени, како да сакав да се разбудам од проклетието во кое живеам. Ден кога сакав сето тоа да ми се случи мене, а не најмилото на кого немав прилика да му помогнам. Си помислив зошто Боже, зошто?

12.08.2015 - Ден за повторно запознавање со плодот кој пополна уште еден празен стол на масата, ден кога веќе не помнев што внесувам во мојот систем за варење, од шток до вотка, од вино до пиво. Ден кога сè беше неважно, ден кога славев за раѓањето на наследникот.

01.01.2016 - Денот кога тргнавме да се спасуваме од страшните клетки кои го напаѓаа организмот на мојата љубена, ден кога повторно верував во животот и среќата, ден кога сите мои молитви беа испратени за нејзино закрепнување. Ден кога сакав само да ја сакам и да верувам дека заедно ќе остариме држејќи се за рацете.

10.04.2016 - Денот кога згаснаа нејзините очи, кога исчезнаа сите нејзини допири, кога се изгуби сјајот на неjзината коса и мирисот во нашата постела. Кога сè она што мислев дека сме граделе се урна како кула од карти. Денот кога посакав јас да не постојам. Кога останав сам со две деца, без нејзиниот хумор, без нејзината љубов, без нејзиното утринско лудило и вечерните валкани допири. Ден кога животот повторно ме турна на земјата.

Велат човек си, ќе издржиш, многу си издржал мораш да се бориш со сè, без разлика колку пати ќе помислиш „Зошто јас животе?“. Постелата е ладна секогаш кога ќе помислам на неа, животот е некомплетен, датумите не избледнуваат, други жени не можат да врежат такви бројки во моето постоење.

Сега ми остануваат само датумите на моите два цвета, нивните успеси и насмевки да ме водат онаму каде што не успеавме да отидеме јас и таа. Бројките кои тие ќе ги креираат за да се врежат во моето постоење и да ме натераат да сфатам дека покрај сè, вреди да се живее.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg