Животот на рати се живее само со полна рака апчиња

Сочувство драг човеку, сигурно не си го замислувал својот живот вака. Еве те пред банката, ги стискаш документите во рака и ти доаѓа да се прекрстиш двапати пред да влезеш или барем да си истуриш едно лонче вода пред себе. Да појде со лесно новиот кредит, ајде.

Zivotot-na-rati-se-zivee-samo-so-polna-raka-apcinja-01.jpg

Не можеш точно да сфатиш како се најде во оваа ситуација. Работиш веќе 32 години, 3 плати си во минус и 2 кредитни картички. Овие две бројки како да ти ја обележуваат судбината.

И еве, дојде време да ја мажиш ќерката и по некое правило веќе требаше да имаш заштеда настрана, за да ѝ ја направиш свадбата од соништата. А ти, немаш ниту скршено денарче.

А како би имал? Само пред неколку години ти заврши станбениот кредит. Крв, пот и солзи вложи во тие 65 квадрати, додека сопственото дете не те праша: А јас каде ќе живеам? Веројатно не мислиш дека вечно ќе живеам со вас?!

Во моментот ти надојде лутина, па зарем тебе некој ти подарил нешто во животот? Зарем твоите ти оставија наследство на готово? Како што сум се помачил јас, така има да се мачиш и ти!

Но, ги проголта твоите зборови и тие застанаа како кнедла во грлото. Ќе се снајдеме некако, ѝ велиш, бидејќи точно знаеш колкави се нејзините шанси во оваа држава да заработи нешто поголемо. Една голема НУЛА.

Премолчуваш многу работи, за мир во куќата, за доброто на сите. Сам си ги кроиш математиките навечер додека пресметката ти го краде сонот. Утрото го дочекуваш загрижен и ококорен со мислата дека едноставно не стигнува, па макар се растегнал на половина.

Распарчен си од помислата дека си мажот, столбот на семејството, оној кој треба да заработува за сите, а живееш со позајмени пари. Бидејќи тие не се твои, на банката се. И кредитните картички и дозволениот минус.

Си ги повторуваш сите должнички обврски: кредитот, ратата за автомобилот, свадбата...

Во меѓувреме ја полниш дланката со сите лекови кои ги голташ, за притисок, за шеќерот, за главоболката, за бубрезите.

Распнат од обврските си се разболeл додека да трепнеш. И не наоѓаш решение за проблемите, додека сите го вперуваат прстот кон тебе, како сето ова да е само твоја вина. Како да си глупав и неспособен, бидејќи не можеш доволно да заработиш.

Каде беше ти додека сите други крадеа и „лапаа“? А? Не можеше и ти да украдеш нешто? – ја слушаш сопругата додека ти го „соли“ паметот и не можеш да си поверуваш на сопствените уши.

Каде е твојата безгрижна младост? Што се случи со твоите желби? Ти текнува ли што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш, каде сè сакаше да патуваш? Колку планови скрои за еден мирен, скромен и безгрижен живот?

Сочувство драг измачен човеку. Никому не му е лесно, а тебе пак најмалку. Твоите распарчени соништа и желби, твојот напластен умор во коските, хроничната реума.

Не може да ти текне кога последен пат си купил нешто за себе. Кога последен пат си излегол како човек и си се насмеал од срце.

Во огледалото гледаш старец, уморен од животот. Кога конечно ќе заврши?

Растргнат помеѓу сечии желби сакаш само да им угодиш, додека изгледа како сите да подзаборавиле на тебе и твоите чувства.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg