До каде отиде светот - деца кои се самоубиваат поради интернет игра?!

Пред неколку дена налетав на чуден наслов – Смртоносната игра „Син кит“ се шири во Србија, родители чувајте ги вашите деца.

Do-kade-otide-svetot-deca-koi-se-samoubivaat-poradi-internet-igra-01.jpg

Овој феномен се поврзува со смртта на дури 130 деца во Русија и рапидно се шири низ Европа. И конечно, како што е редот, стигна и на Балканот. Да не слушнам некој да рече дека сме последни во сé, еве и ние сме во тренд (очигледно, секогаш за погрешни работи).

Да појасниме малку за што се работи – се логирате на веб страницата со желба да земете учество во „Синиот кит“. Од таму ви даваат задачи кои мора да ги исполните за да ја играте играта. Новинар кој работи за „Радио Слободна Европа“ се претставил како 15-годишна девојка со цел да стане дел од играта, а првата задача била со жилет да си изреже некаков симбол од играта.

Неговиот обид да ја прикаже искасапената рака со жилет преку магијата на Фотошоп била неуспешна – креаторите веднаш го препознале лажниот обид и го отстраниле од играта, неодговарајќи на неговите понатамошни пораки.

Имено, предизвиците започнуваат со едноставни задачи кои играчите мора да ги завршат во рок од 50 дена. По некое време предизвиците стануваат посложени и пострашни. Завршуваат со скокање од висококатници, бесење со јаже, смрзнување во снег...

Првичниот инстинкт додека ги читате овие работи е дека не е можно да е вистина. Потоа малку истражувате и сфаќате дека играта е реална, децата и самоубиствата се исто така реални. Србија е нашиот прв северен сосед и не е којзнае колку далеку од нас, па прашање на време е кога трендот ќе се прошири.

Која е првата мисла која махинално ви минува низ главата? Децава збудалеле, гледаат премногу филмови. Ќе земам ќе го скршам од ќотек, само нека му текне некоја таква глупост.

Што ги тера да се вклучат во ваква глупост и да станат дел од игра која ги тера да си го одземат животот? Што е тоа што на 16 години ќе те натера да посегнеш по сопствениот живот?

Според истражувањето, главните причини за самоубиство се семејни проблеми, невозвратена љубов, проблеми со менталното здравје, прекумерно користење на алкохол и наркотици и малтретирањето во средните училишта од страна на група популарни кул деца.

Наречете ме луда, но ако дете реши да се самоубие поради која и да било од гораневедениве причини, родители не завршиле добра работа во воспитувањето.

Треба да се слепи и глуви за да не забележат апсолутно никаква разлика во однесувањето на детето. Дали е премногу среќно, премногу тажно. Дали е анксиозно или депресивно. Не постои дете кое толку добро може да одглуми или толку долго може да се сокрие.

Нема таква драстична промена која нема да се рефлектира во негово однесување, облекување, менување на друштото или оценките кои драстично се намалуваат.

Постојат родители кои го дозволуваат тоа или не се доволно заинтересирани да ја откријат вистината. Не гледате со кого ви се дружи детето или каде излегува? Мислам, бесмислено е да се каже – не можам да го допазам или да го следам. Секако дека можеш. Колкав мислиш дека е градот во кој живееш, не е метропола да му се невиди.

Во ваков тип на општество каде трачевите се шират со брзина на светлината и секој знае што се случува во животот на другиот, ти си тотално несвесна каде и со кого излегува твоето дете?

Точно, треба да им се верува на децата. А понекогаш пак, треба да се изврши и детална проверка на нивната соба. Поголем дел од родителите имаат профили на Фесјбук, па за што точно ги користите ако не ѕирнете барем малку што се случува на профилот кај вашето дете?

Во можност сте да дознаете толку многу тривијални неважни работи, а не ви е ниту малку чудно што не можете да видите ништо на профилот кај вашето дете, иако е јасно како ден дека имате ограничен пристап?

Не можете да се наречете родители ако не умеете барем малку да си го „прочитате“ сопственото дете. Ако не го научите да се бори за себе, да има грам достоинство. Не сте родители ако мижите пред детето кое тоне и е несреќно, затоа што другарчињата на училиште го понижуваат и навредуваат. Научете го да се справи со таквите насилници.

Разговарајте дури и кога одбива и ви ја треска вратата пред носот. Најдете начин да комуницирате и бидете упорни, бидејќи ако го оставите препуштено на судбината, понекогаш резултатот се лабилни несреќници кои стануваат дел од вакви монструозни самоубиствени игри.

Креаторот на играта одговорил кратко и јасно дека неговата мисија е да ја исчисти планетата, бидејќи децата кои решаваат да се самоубијат се биолошки отпад.

Па, не дозволувајте да е во право. Не дозволувајте децата да ви се биолошки отпад. Само вие знаете со каква мака сте ги донеле на светов и како сте ги растеле.

И никој нема право да ви се испречи на патот кон успешен родител.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg