4 приказни кои ќе ви покажат зошто не треба да избрзувате со заклучоците

Животот е непредвидлив, и често токму таа непредвидливост нè тера сами да си донесуваме заклучоци, прерано и пребрзо, сакајќи точно да знаеме што се случува.

4-prikazni-koi-ke-vi-pokazat-zosto-ne-treba-da-izbrzuvate-so-zaklucocite-01.jpg

Но, многу почесто заклучоците се грешни.

Овие 4 вистински приказни ќе ви докажат дека едноставно треба да се препуштите на настаните и да не брзате.

Мислевте дека физичкиот изглед е пресуден за среќна љубов? Ха! Мојата пријателка се омажи благодарение на нејзината смисла за хумор. Има мали гради, па додека бевме на плажа носеше костим за капење наполнет со потпунки. Но, кога дувна, нејзиниот пешкир излета заедно со горниот дел од бикинито, од кое излезе целото полнење. Во истиот момент почна да вика: „По ѓаволите! Ветрот ми ги однесе и пешкирот и градите!“ Типот што седеше до нас почна да се смее толку гласно, што мораше да го смируваме. Неколку недели подоцна почнаа да се гледаат и сега се во среќен брак.

Сопругот никогаш не се расфрла со зборови и емоции. Тешко му е да ми каже те сакам. Пријателите ми се чудат како можам да бидам со толку студен човек без емоции. Но, потајно знам дека е сентиментален. Тоа ми се потврди кога видов дека во паричникот носи едно розово оригами кое му го направив на некој од првите состаноци. И навистина го третира како злато, бидејќи не му фали ниту едно делче.

Пред неколку години на синот му купивме гитара. И навистина беше скапа. Но, ни когаш не свиреше пред нас, па во една кавга му се развикав: Зошто ти ја купивме воопшто кога не ни знаеш како се држи? Вчера не се чувствував добро и не отидов на работа. Мојот сопруг излезе да ми купи апчиња, а синот беше дома. Очигледно мислеше дека и јас излегов. Тогаш слушнав како свири романтични балади на гитарата. Се засрамив.

Пред 1 недела стапив во брак. Денес мојата пријателка реши да преспие кај нас. Се разбудив во текот на ноќта и слушнав гласови. Сопругот не беше во кревет. Од другата соба слушнав: „Нема да слушне, ајде!“ Скокнав од кревет лута како никогаш претходно. Запалив светло во другата соба, подготвена да го видам најлошото... и ги видов како играат шах. ШАХ! Пријателката изгубила и мојот сопруг ја терал да излезе надвор и да ѕвони кај комшиите, како мало дете.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg