Лошиот маж е љубоморен, се храни од вашиот неуспех, ви брои „со колку сте биле“ пред него...

Лошите мажи ќе ве прашуваат за бројот на сексуални партнери и доколку решите да си ја соголите и душата освен телото покрај некој таков, тој постојано како некој папагал ќе ја користи секоја можна прилика да ве потсети со колку луѓе сте спиеле.

Losiot-maz-e-ljubomoren-ozboruvac-i-se-hrani-od-vasiot-neuspeh-01.jpg

Ете така, од ќеиф, од простотилак и длабоко всаден сељачизам, од желба да ве изнервира, расплаче или да ви набие некоја грижа на совест која реално не треба да постои.

Лошиот маж потајно има желба да е доминантен и првенствено да заработува повеќе. Како тоа да ја крои целата моќ под покривот. Убеден е дека ако заработува помалку тоа автоматски значи дека е помалку маж и „нема таму некоја си жена со поголема плата нему да му наредува што и како во негова куќа“.

Тој никогаш нема да ве охрабри и мотивира да работите повеќе и да постигнете поголем успех, напротив. Тој ќе се храни од вашата немоќ да допринесете повеќе. И постојано ќе се удира во гради како тој го носи лебот и без него ќе умрете од глад.

Лошите мажи се обидуваат да нè убедат дека постојат женски и машки работи, женски и машки бои, женски и машки играчки. Дека на детето местото му е покрај мајката, дека всушност тој помага дома на негова драга волја, не дека тоа мора да го прави исто како и жената бидејќи обврските се делат подеднакво.

Лошиот маж е неретко љубоморен. Не онаа слатка, смешна и дозирана љубомора, туку онаа застрашувачки силна, болна и посесивна љубомора. Тој ќе ве убеди дека не може да имате машки пријатели, а сите ваши пријателки се лош избор за друштво. Тој всушност ќе ве натера да поверувате дека освен него не ви треба никој друг на светот.

Лошиот маж ќе ве натера да смените нешта поврзани со вашиот физички изглед, да се здебелите или да ослабете драстично, да почнете интензивно да вежбате, затоа што тој сакал топчест задник или широки колкови кај една жена.

Лошите мажи ќе зборуваат лошо за вас пред нивните другари. Ќе се дрзнат да ве озборуваат, да ве исмејуваат, да споделуваат работи од вашата интима. Што е најлошо од сè пред вас ќе глумат безгрешни ангелчиња.

Лошиот маж понекогаш може да ви влепи шлаканица. Или две. И со моќта на манипуацијата да ве убеди дека сте го испровоцирале, впрочем – сте ја заслужиле шлаканицата. Дека и вие претеравте. И дека тој и не е многу виновен штом сте го дотерале во безизлезно ќоше, па морал да ви удри една воспитна. За ваше добро.

Има и многу добри мажи, секако дека ги има. И ним им честитаме што не се ништо од погоре опишаното.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg