Приказната за Едвард, чичкото на кралицата Елизабета, кој се откажа од престолот поради љубов

Кралицата Елизабета имаше само 25 години кога го наследи тронот од нејзиниот татко, Кралот Џорџ. Но, она што најверојатно не го знаете е дека Кралот Џорџ не бил првиот наследник на престолот.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkaza od prestolot poradi ljubov 1

Историјата на Британија би била далеку поинаква ако Едвард, братот на кралот Џорџ, не абдицирал од престолот. Кралот Едвард VIII го направил она што ниеден монарх немал слобода да го направи - се заљубил во погрешна жена.

Кралот Едвард бил заљубен во Волис Симпсон, која не само што била американка, туку во тоа време сè уште била во брак и имала еден развод зад неа.

За некои оваа приказна е љубовна приказна на векот, а повеќето ја гледаат како скандал кој за малку не ја ослабел власта и репутацијата на монархијата.

Кој бил Кралот Едвард?

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 2

Кралот Едвард цел живот имал одбивност кон традиционалните и застарените методи на британската монархија. Неговиот татко пред смртта бил многу загрижен за тоа како Едвард еден ден ќе стане крал со неговиот импулсивен карактер. Пред смртта, тој кажал дека неговиот син ќе уништи сè за само 12 месеци откако тој ќе умре.

Тој отсекогаш сакал да биде третиран како и сите други момчиња кои немаат кралско потекло и му било многу непријатно поради привилегиите кои ги уживал додека бил на училиште.

Народот многу го почитувал поради неговата желба да биде пуштен во првите редови во војната и да се бори рамо до рамо со другите војници за време на Првата Светска војна.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 4

Сепак, се шпекулира дека кралот Едвард имал многу ментални проблеми. Се грижел за неговиот изглед до опседнатост, јадел премалку, сакал неговите нозе да бидат многу слаби и затоа вежбал до изнемоштеност. Имал многу други компулзии како играње со манжетните, преорганизираност и опседнатост со Дизни играчки.

Кралот Едвард уште како многу мал изгледал одлично. Бил синооко младо момче со убаво лице. Патувал многу низ светот заедно со неговиот брат, Кралот Џорџ, и кршел срца насекаде низ светот.

Уште од многу млад имал многу уникатен стил на облекување и модата му била еден вид на хоби. Сепак, она што било доста контроверзно е тоа што неговиот интерес секогаш бил насочен кон мажени жени. Имал три познати афери со мажени жени од кои последната е со Волис Симпсон, која подоцна му станала сопруга.

Како почнала љубовта афера?

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 6

Едвард имал долгогодишна афера со виконтесата Телма Фурнес. Во 1931 година, таа направила забава каде што бил поканет Едвард, а во исто време биле поканети и Волис Симпсон и нејзиниот сопруг Ернест Симпсон. На оваа забава парот првпат се запознал.

Четири месеци подоцна, Едвард и госпоѓа Симпсон се сретнале пак, а седум месеци подоцна, принцот бил на вечера во домот на Симпсонови каде што останал до 4 часот наутро. Наредните две години нивните средби станувале сè почести, а веќе во 1934 година, принцот Едвард ги прекинал сите други романтични врски во неговиот живот и Волис Симпсон станала единствената жена во неговиот живот.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 5

Која била Волис Симпсон?

Волис Симпсон потекнува од американско семејство кое било на високите социјални листи, меѓутоа никогаш во животот не била многу добро финансиски ситуирана. Нејзината умешност на качување на таа социјална листа е тоа што ја довело до кралот Едвард.

Нејзиниот прв брак бил со војник, а завршил неславно поради тоа што нејзиниот сопруг почнал да ја малтретира после војната. Се верува дека страдал од посттрауматолошки синдром и оттаму и потекнало малтретирањето. 

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 7 copy

По првиот развод таа имала 25 години и решила младоста да ја посвети на патувања и забави. Меѓутоа, на 30 години таа била во Њуjорк, разведена, без никакви финансии и живеела само од милоста на нејзините добро ситуирани пријатели.

Тогаш го запознала и Ернест Симспон. Тој не бил многу богат, меѓутоа веќе многу и недостасувала сигурност која доаѓа со бракот.

Двајцата се преселиле во Британија и таа продолжила уште повеќе да организира забави на кои биле поканети доста важни личности. На една од тие забави била поканета и Телма Фурнес која подоцна ја запознала со Едвард.

Што се случило со аферата?

Летото 1934 година, Волис и Едвард биле на заеднички одмор заедно со придружба која секако го следи секој член од кралското семејство. Придружниците на кралот тогаш рекле дека Едвард ја следи Волис како мало кученце и дека е комплетно опседнат со неа.

Властите почнале сериозно да се загрижуваат за наследникот на тронот, а исто толку загрижено било и кралското семејство.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 4 copy

Во 1936 година, по смртта на неговиот татко, кралот Едвард го наследил тронот. Но, неговото владеење воопшто не било успешно. Се вели дека тој бил до толку деконцентриран поради љубовта што не успевал ни да ги прочита извештаите и писмата кои ги добивал од владата.

Се занимавал со бизарни работи, како со тоа што некои часовници во државата доцнеле со времето, а ни најмалку со важни политички прашања.

Кога изразил желба да се ожени со Волис Симпсон не добил никаква поддршка. Не доаѓало во обѕир кралот да биде оженет со жена која веќе двапати е разведена, а ниту нејзиното американско потекло не било фаворизирано од јавноста.

Му биле дадени три опции: да се откаже од љубовта и да остане да биде крал, да остане со Волис и властите да дадат оставка што ќе доведе со неверојатен скандал или да остане со неа и да абдицира од престолот. Тој се согласил на последното.

Едвард потоа станал непосакуван член на семејството. Неговата сопруга никогаш не ја добила титулата која и двајцата ја посакувале за неа. Никогаш не била прифатена во палатата и никогаш не била повикана на ниеден настан.

Кралот Едвард останал да ја гледа коронацијата на неговата внука во својот дом во Париз, затоа што палатата не пратила покана за неговата сопруга.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 3

Нивниот живот бил исполнет со забави, мода, првите редови на сите модни ревии, многу хуманитирани акции, но исто така и многу скандали. Се вели дека нивните темпераменти биле нескротливи, имале премногу јавни кавги и скандали во кои и двајцата се обвинувале за флертување со други луѓе и афери.

Доста скандалозна е и нивната поврзаност со Адолф Хитлер и нивната посета на Германија. Едвард го почитувал Хитлер и сакал да вооспостави добри односи помеѓу Британија и Германија, акти кои Британското семејство воопшто не ги оправдувало.

Кон крајот на војната, агенти од тајните служби на Британија отишле да ги земаат писмата кои Едвард ги праќал на Хитлер со цел да се избегне уште поголем скандал.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 7

Едвард починал еден месец пред неговиот 78 роденден од рак на грлото. На церемонијата за неговиот погреб присуствувала и Волис Симпсон, која за првпат тогаш останала 3 дена да спие во палатата.

Меѓутоа таа го опишала односот на кралското семејство со неа како многу ладен. По 14 години и таа починала, и била погребана до нејзиниот сопруг.

prikaznata za edvard cickoto na kralicata elizabeta koj se otkazal od prestolot poradi ljubov 8

На нејзиниот погреб присуствувале околу 200 луѓе, а се вели дека повеќето од цвеќињата биле од дизајнерски имиња како Диор, Ван Клеф и Александре, што и најмногу го опишува нејзиниот живот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg