Себични, лигави и невоспитани деца - слика и прилика на мама и тато

По само 5 минути со нив, на ум ви доаѓа мислата „Како да не бидам родител што ќе одгледа вакви деца? Што прават погрешно во процесот нивните родители?“

sebichni-ligavi-i-nevospitani-deca-slika-i-prilika-na-mama-i-tato-01.jpg

Влегувам во маркет, а едно девојче коси кубе. Плаче со крокодилски солзи, а вресокот ми одѕвонува во ушите. Се загрижив, малечката сигурно паднала, нешто лошо ѝ се случило.

И тогаш гледам дека причината е друга... Плаче, вреска затоа што нејзините мајка и татко не сакаат да ѝ го купат и шестото екстра големо пакетче гумени бонбони. Родителиве нервозни ѝ ја задоволуваат желбата на нивната малечка.

Стоп, погрешен чекор! Како дојдовте до фаза вашето дете да го претворите во себично, лигаво и невоспитано суштество? Толку физички слатко, а толку психички одбивно. Тон некултура спакувана во минијатурно издание.

Значи не можам да си помогнам ама вакви деца органски не можам да поднесам. И од брат да ми се, мислам дека желудочната киселина ќе ми се крева при секоја средба со нив.

Како оваа сцена малку да ми беше за да ми ги развиори сите црвени знамиња во поглед на воспитувањето, одам кај едни познаници на гости и таму нивното синче е газда на далечинскиот управувач.

Цела толпа возрасни луѓе слушаме јапонски цртани со гласот пуштен до максимум, соседот на катот под нив без тампони за уши не може да заспие, затоа што синчево гледа цртани, а паралелно трча и скока наоколу, фрлајќи предмети на сите страни и правејќи врева на еден час пред полноќ повеќе од оркестар со ударни инструменти.

Го жалам соседот како успева да преживее под оваа зоолошка градина, каде бонтон правила не важат, основна култура и принципи за соживот не постојат. Тие се главни и ќе му скокаат на глава до истоштување, па зошто да се грижат – не дека некој ним им скока на глава.

И каде е тука проблемот, дали децата се родија толку проблематични или беа само една празна табла која родителите погрешно ја испишаа? Некако сѐ ми натежнува накај ова второво.

Ги гледам нивните мама и тато и некако во премногу аспекти ме потсетуваат на нив. Скинале многу карактерни црти. Нешто што го гледаат секој ден им изгледа како правилно и нормално однесување, па ако тато испушта гасови пред луѓе и тие ќе го прават тоа, ако мама ја нарекува сосетката кокошка и тие ќе го прават тоа.

Изгледа лигавите, себични и невоспитани деца се плод на токму исти такви родители. Тие не знаат што значи зборот „НЕ“, па веруваат дека секому му е должност да ги исполнува нивните желби.

Не знаат културно да замолат, да се извинат, да ја затворат устата и да се однесуваат соодветно во различни пригоди. Тие врескаат, фрлаат, маваат, пребаруваат... Толку се напорни што дури ви создаваат тешкотија да пронајдете љубов во срцето за нив.

Најстрашно од сѐ е што на крајот од денот вие чувствувате грижа на совест како може да имате одбивност кон едно толку мало суштество. Но, како да немате кога по 5 минути минати со нив глава почнува да ве боли и ве тера да се запрашате ако сега се вакви, во какви личности ќе израснат во иднина?

Клонови на нивните некултурни и лигави мама и тато? Ах, па едни такви му беа и повеќе од доволни на светот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg