Не скијаш, не си пробала никогаш суши и се облекуваш евтино - нема дечко за тебе!

Пред да почнете повторно да ги обвинувате децата како само тие не можат да си најдат партнери и да ги притискате по кој знае кој пат за мажачка и женачка, имајте на ум дека светот во којшто живееме денес е далеку од оној во којшто сте живееле вие (во случај да не знаевте досега).

Nema-decko-za-tebe-01.jpg

Да драги родители, вашите деца се секојдневно под лупа, безобразно оценувани и осудувани за тоа што најчесто (не) го поседуваат.

Луѓето денес главно ги интересираат парите. Оние што немаат сакаат да пронајдат некој што има, а тие пак што имаат пари по секоја цена ќе најдат некој/а што има колку нив или пак дури и малку повеќе, затоа што „парата на пара се лепи“ и „нема јас што да излегувам таму со некоја си голтарка“.

Бевме излезени на кафе со другарките и во истиот локал се вртеше и еден дечко којшто сме го виделе многу пати порано, но никогаш не се приближил да се запознае и да ни направи муабет.

Одеднаш другарката која работи за странска компанија спомена дека ќе оди на службен пат во Виена и момчево магично се приближи до нашата маса.

Како со некоја антена на главата ги фати звуците кои му се сакаа да ги слушне и другарка ми одеднаш му стана интересна.

Толку ѝ се закачи како некоја пијавица, што одвај успеа да го откачи подоцна.

Успеа да ја испраша каде работи, па зошто не му кажува, зошто крие… аха, значи во странска фирма си, па вие таму мора да земате огромни плати… значи често патуваш? Сигурно и живееш сама… браво. Девојко, колку си интересна, како не сме зборувале досега?

Навистина, како не сте зборувале? Како одеднаш истата девојка стана привлечна и интересна, а до вчера не сакаше да ѝ кажеш на ниту една едно обично здраво?

Без оглед на образованието и социјалната класа, сите очигледно знаат да распознаат добра марка на чевли, чанта и часовник.

Сите суптилно се загледуваат во нечии нокти, те душкаат да ти го намирисаат парфемот.

Мажи те распрашуваат каде одиш на фризер и што прамени имаш на косата, жени знаат повеќе за туѓи автомобили отколку сопствениците.

Те распрашуваат која си и кои се твоите. Што работат и каде живеете. Имате ли нешто надвор од Скопје или од Македонија и каде најчесто ги поминуваш викендите. Каде си патувала досега?

Не скијаш, леле, првата си што го кажала тоа. Не си пробала суши/кавијар/шампањ?

Леле ама си мизерна!

Срамно и жално стана да се живее во овој свет. Сите се гледаат низ призмата на материјалното и парите.

Те проценуваат по тоа како си облечен, не по тоа што го имаш во главата. Презимето те прави привлечен, не карактерот. Атрактивен си поради кругот во кој се движиш, не поради харизмата која ја имаш.

И од дома уште те напнуваат како само ти немаш никого. Како да пронајдеш некој за сериозна длабока врска во плиток свет исполнет исклучиво со материјализам и консумеризам?

Како да го пронајдеш тој некој кој не се заморува со тоа што го носиш на себе, туку го интересира она што го имаш во себе?

Останаа ли искрени, чесни, добри луѓе кои се (очигледно) последните наивни будали кои веруваат во љубов? Онаа искрена, романтична, незапирлива љубов во која не е важно кој колку има, љубов која е лишена од скриени придобивки, од мерење на вага, од мислата–како можам јас да профитирам ако сум со овој човек или жена…

Една познаничка се пофали дека си фатила дечко. На прашањето каков е, веднаш почна да објаснува што работи и колкава плата зема. Потоа следуваше објаснувањето во колку голем стан живее, што вози и нормално, што ѝ купил последно за подарок.

Никаде не слушнавме дали е добар, вреден, знае ли да ја насмее, па макар и дали има клемпави уши.

Слушнавме и разбравме сè за него, освен тоа што суштински треба да те интересира за еден човек.

Немавме што да додадеме, но пријателката се почувствува недокажано.

Нормално, богат е… не ни очекував да најдам некој под моето ниво…

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg