Парите од мама и тато не ве прават центар на универзумот

Синдром: накитена елка, дијагноза: дневно лечење комплекси.

djabe vi e tri kila zlata oko vrata koga ste prosti vo dusata 01

Каде и да се завртиш – секојдневен циркуз, изложени сме на фарсата која ја продаваат многумина и принудени сме да ги трпиме нивните испади во секојдневното живеење. Да, зборувам за оние кои креираат илузии за сопствениот живот и ќе направат сè за да привлечат внимание само за да ги излечат сопствените комплекси. Ги имате насекаде, затoа што нивната задача е да бидат центарот на светот, со нивните банални приказни.

Нема потреба да се посочуваат, едноставно ќе ги познаете по разговорите за нивните скапи автомобили, опремени куќи, викендици, богати сопрузи или сопруги. Наследство и пари. Разговори празни, без никаква причина од кои едноставно не можеш да извлечеш ништо корисно. Наконтени разговори, нападни, неконструктивни, беспотребни и лажни, како и нивните насмевки. Она што е најсмешно е што нивната приказна за успехот, никогаш и никаде нема да сретнете именки и придавки како што се напорна работа, непреспани ноќи, успех со пот како и големи жртви. Тие се успешни во својата глава, ама и самите не знаат како, ниту зошто.

Живеат феноменални животи по социјалните мрежи, се прикажуваат како нешто што никогаш нема да бидат. Џет-сетери без грам мозок кои единствено достигнување во животот им е што сликата им била лајкната над 200 пати. Лажни натписи, лажни коментари, монтирани и обработени слики, се со цел да се покрие очигледното – нивниот простотилук.

Нивниот вокабулар 50% се состои од имиња како што се „Шанел, Гучи, Диор” и секоја втора реченица им започнува со себефалење. Никогаш нема да застанат и да го употребат мозокот за нешто корисно, бидејќи прашање е дали воопшто во таква глава има мозок. Ако судиме по постапките – одговорот би бил не.

Ги има насекаде, дури и да сакаш да ги избегнеш е невозможно. На работното место додека се разменуваат конструктивни критики, се разговара за реални теми, тие ќе се исфрлат со нивните фалбаџиски намонтирани реченици, преувеличувајќи колку нивниот живот е скап и невозможен другите да ги живеат. Чувството кое во тој момент ти се создава е превртување на очи и барање причина побрзо да се спасиш од тоа залудно потрошено време.

На слава, во кафуле, во продавница, во бутик, колку и да се обидуваш да се заштитиш од нивното несакано влијание ќе бидеш изложен. Тоа ги храни нив, да бидат видени, за да може да ги замачкаат очите на светот. Во главата се прашувам што постигнуваат ако светот има или нема никакво мислење за нив. Тоа е толку тажно, да живееш за мислењето на другите, кое потем, поради толку претерување најчесто е негативно.

Таквите луѓе се обидуваат да ја форсираат нивната бајка, иако многумина знаат дека нивните животи се празни и дека тоа што го прават е границата на очајот и глупавоста. Зарем не гледаат дека ништо нема да постигнат со својата неискреност пред се кон себеси, а потоа и кон остатокот од светот?

Која е поентата необразованието и нивната неамбициозност да се покрие со постирање слика од новиот фустан од познат бенд кој чини илјадници, пари кои не ги ни заработиле, едноставно имале среќа да бидат деца на богати родители за да можат да се расфрлаат во животот. Мамини и татини синови, кои живеат розов живот.

Целта е да се прикрие нивниот низок капацитет, немањето никакви квалитети кога доаѓа за клучните работи во животот да ги покријат со приказна во која ќе внесат изобличување на вистината за да достигнат хипербола, која надежно ќе покрие сè што им недостасува.

Зарем не е полесно да се искористи сопствениот потенцијал за нешто корисно. Тие луѓе, според мојата замисла за животот, можат многу повеќе од тоа. Наместо да бидат такви, можат својата енергија да ја насочат кон нешто убаво, нешто корисно, нешто што ќе вроди со плод и на тој начин ќе ги направи центарот на универзумот.

Зарем не беа поубави чувствата од сопствените успеси, кои произлегле од сопствената мака и сопствениот труд, од макотрпната работа и многуте непреспани ноќи. Зарем не чувствуваат потреба другите да се гордеат на нив со вистински нешта?

Тортата во излогот може да изгледа феноменално, луѓето ќе ја купат еднаш поради тој изглед, но ако внатре е сува и празна, никој нема да сака да ја јаде и кога еднаш тоа ќе се дознае, тортата ќе скапува, затоа што никој нема да сака да ја купи.

Златото околу вратот, скапите парфеми, брендирани обувки и облека не ве прават ценети. Вашиот образ во општеството ќе го создадете со вашите успеси, скромност и човечност. Кога ќе бидете среќни со себе знаејќи дека давате максимум во животот за остварување на сите цели, тогаш ќе добиете моќ на гравитација, за луѓето да се вртат околу вас. Кога ќе бидете движечка сила која ќе ги мотивира останатите, тогаш ќе станете некаков центар околу кој можеби би се вртел универзумот на останатите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg