Бесплатно образование, ама купете си сапун, хартија, боици и по можност искречете ја училницата

„И не заборавајте да спакувате – сапун, влажни марамчиња, тоалетна хартија, антибактериски гел во секое ранче. Знаете дека тука нема ништо од тоа“.

Bepslatno-obrazovanie-ama-po-moznost-iskrecete-ja-ucilnicata-01.jpg

Со овие зборови наставничката го затвора родителскиот состанок. Според нејзините насоки мислите дека се работи за услови со кои располага некое племе во Уганда, но тоа се сепак само условите во нашата мила Македонија.

Бесплатно образование, ама купете си ги сите учебни помагала на страна од учебниците кои следуваат. Бесплатно е, освен за Росица, Другарче, Наш свет.

Бесплатно е навистина, ама сите додатоци од типот на моливчиња, гумички, боички, колажна хартија, глинамол, пластелин и што уште не – си ја купуваш сам.

А цените верувајте не се како оној комплет по ОТП од нашето време. Не станува збор за нешто едноставно и симболично. Сега сите додатоци мора да се со Пони, Елса, Олаф, да имаат цена 3 пати повисока од реалната, а сè што се продава во рамките на училиштата е исто така нереално за цената по која се нуди. Од сликите за алманах или табло, сè до училишните екскурзии.

Стандардот ни е паднат, цените ни се покачени. Важно, напоменато ни е да се купат некакви си специјални вежбанки по математика за 5-6 годишни деца. Веројатно затоа што математиката не ни е силна страна, па со време да почнат да си вежбаат.

Се сеќавам кога јас бев ученичка како започнавме со едноставни вежби за пишување коси и прави линии. Па, некои полжавчиња. Додека да ти се научи рачето како правилно да се држи моливот и да исцртуваш основни линии.

Буквите дојдоа многу подоцна. Никој не се брзаше на часовите, материјалот се совладуваше полека, но темелно.

Денес сè е на брзање. Објаснето невешто и површно, а подоцна дома не знаат да гукнат децата. Па ајде, седнуваме со нив и со часови го преџвакуваме материјалот. Не се сеќавам дека моите работеле толку многу со мене, а имам чувство дека побрзо и полесно го совладував материјалот за разлика од моите деца.

Не се сеќавам ниту дека нашите родители собирале пари да се искречи училиштето. Да се поправи некоја пукната цевка. Да се сменат завесите.

Но, затоа секој месец донираме пари за потребите на училиштето. Сега немаме телевизор – ајде да купиме телевизор. Сега немаме ДВД за во училницата – ајде да купиме ДВД.

И сите овие работи стојат зад параванот наречен „за доброто на вашите деца“. Демек, тоа е нужно зло, не ни е по волја, но просто мораме да даваме пари, инаку ќе немаат со што да работат.

Она што најмногу ме зачудува и иритира е што одредена група на родители како одвај да чекаат да го отворат ќесето и да истресат пари за доброто на дечињата. 

И доколку се побуниш дека не е во ред, дека немаме должност и обврски да купуваме такви работи за училиштето, те гледаат така злобно, со поглед исполнет лутина и горчина, што ти доаѓа да се скриеш под клупата од срам.

Како да не си доволно добар родител како останатите. Како да не ти е гајле за среќата на детето.

Жално е само што на сите купени работи, децата повторно ни се неуки, недоволно образовани, неспособни да се снајдат сами во некоја ситуација.

Ниту тој телевизор што сме го купиле со наши пари, ниту тоа ДВД не направиле некоја разлика во учењето, напротив, како да ги уназадиле.

Знам, јасно ми е дека ако не му спакувам на детето тоалетна хартија и влажни марамчиња дека ќе навлече илјада и една бактерија од училишните тоалети кои не се реновирани со години и чија хигиена исто така може да биде предмет на дебата.

Но, дали вам ви е јасно дека тоа што го правиме и упорно молчиме за сите овие прашања – е погрешно?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава