Хипохондрици, оставете малку простор да се лекуваат вистински болните луѓе!

Здравството ни е такво какво што ни е, во распаѓање и очајно. Да не даде ѓаволот да ти бидне нешто, па да треба да се лекуваш по нашите болници. За почеток, вооружај се со многу слободно време и трпение.

Hipohondrici-ostavete-malku-prostor-da-se-lekuvaat-vistinski-bolnite-lugje-01.jpg

Не е на одмет да си понесеш и газа и фластер и алкохол и јод, можеби ќе немаат во болниците. Биди подготвен дека тој што те прегледува откако се смилувал „да те ѕирне“ има сомнителна, купена диплома и способен е да умре кактус, а не пак обичен човек. Биди подготвен и на второ и трето и десетто мислење од други доктори.

Биди подготвен и за подигнување кредит и лекување по приватни клиники. Тажно е, жално е, и не треба да биде така – ама така е.

Но, една од работите кои дополнително ме иритираат е тоа што клиниките вријат од луѓе кои не се вистински болни. И тие им го одземаат времето на оние што навистина се.

Ова се типови на луѓе што ти викаат – зошто плаќам здравствено осигурување цел живот, а ништо не сум искористил? Ох бе златен, да даде Господ никогаш и да не треба да го искористиш. Радо би плаќала цел живот само да не се разболам, ете баш така.

Оваа изјава е толку непромислена и глупава, нешто слично како оние – „многу мразам гробишта“ (а има некој што многу ги сака или ужива кога оди на гробишта?!) или „за што ги плаќаме пожарникарите кога ништо не работат?“ (повторно, дај Боже никогаш и да не работат ништо во животот, само да си ги плаќаме, не е проблем).

И ете така, од немање работа, од недоволно внимание, од чиста хипохондрија, се потегнале луѓето на ладно, снег и замрзнато да се прегледале, зашто мигрена имале, проливче настинка… не се тоа случаи за брза помош другари.

Хипохондриците на преглед, болните дома. На ред не може да дојдат од оние на кои не им е ништо и си замислуваат болести и црни сценарија во главата.

Знаеме дека во идеален свет и во држава со ред можеби и вие би го добиле заслуженото внимание и преглед од страна на здравствените установи. Но, во услови како нашите не може да имате предност. Не ви е во принцип ништо сериозно.

Само сте малку осамени, па барате друштво, деградирани, па си барате внимание и место каде што ќе изигрувате авторитет, а очајно е трите да ги наоѓате токму на доктор.

Едни исти луѓе постојано на преглед. Сега да одите да се прегледате детално, гарантирам дека ќе излезете 10 пати поболни од нив. Ама не, грлцето малку црвенко ми се гледа, па еве дојдов да ме видите и да го фатам редот. Овој болниов зад мене што одвај дише, тој ќе си почека. И да приумре во ходников, не е страшно. Јас плаќам здравствено осигурување, имам права.

Па хипохондрична, таблетоманска нацијо, освести се! Не трчај на првата кашлица и најобична настинка на доктор. Стисни малку заби, дади си храброст, издржи. Не посегнувај по апчиња во првата прилика, најголеми потрошувачи на таблети сме во регионот по глава на жител, тоа навистина зборува многу.

Со апчиња и доктор настинката ќе ти трае 7 дена, без нив – една недела. Не го заморувај дополнително и онака измрцварениот здравствен персонал кому му се темни од таквите како тебе кои залудно им го трошат времето, наместо да им се посветат на оние на кои навистина им е потребна лекарска помош.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg