Многу хејтаме, малку живееме - за жалење сме!

Што ни стана? Како да почнавме отров да плукаме од устата... За никого немаме добар збор, никој и ништо не се доволно добри за нашите „високи“ критериуми.

mnogu-hejtame-malku-ziveeme-za-zalenje-sme-01.jpg

Празници, настани, луѓе, организации... Ништо за нас не е доволно добро. За сè имаме критика, за сè имаме погрден збор. Ниту знаеме да пофалиме, ниту да мотивираме.

Ништо не чини. Сите се „сељаци“, празниците се „сељачки“, манифестациите се „сељачки“... А да се погледнеме во огледалото? Ама малку подлабоко, во очите да си потонеме и добро да видиме да не не е проблемот во сè и сите други, туку само во нашиот мозок. Ох, тој наш мозок хејтерски!

Постојано наоѓа замерки, но подобро не нуди, ниту за подобро знае. Ништо не цени, но не знае ниту да прикаже нешто што би заслужило да биде ценето. Дали сиромаштијата на нашиот дух и ум почнавме да ја маскираме зад сите тие критики кои како остри стрели ги фрламе кон нашето опкружување?

Како да се родивме совршени, сите со круната на главата, како да изживеавме живот кој ќе го паметат наредните генерации, како да оставивме белег со нашето постоење, како да покренавме револуции, како светот да ќе го слави денот кога сме се родиле...

Но, не е така, далеку е од тоа. Живееме просечни животи, не се издвојуваме по ништо спектакуларно од толпата, но затоа кога ќе седнеме зад електронските екрани плукаме по сите кои по нешто се истакнале.

mnogu-hejtame-malku-ziveeme-za-zalenje-sme-02.jpg

Холивудски актерки? Македонски пејачи? Светски политичари? Луѓе од меѓународни организации? „Кои се бе тие, ме знаат ли тие мене?“

Секогаш гледаме што им недостига, а никогаш по што се истакнале. „Да, таа актерката има талент за глума каков што ретко гледаме ама види бе каков селски стил има. Оној пејачот пее растура ама спотот го направил како од 92-ра година.“

„Празникот? Каков празник бе, кој го смислил тој глупав празник?“ Некој се борел за тоа, вложувал години труд и енергија, кревал револуции? Заборавено! Ние ќе си плукаме.

И ќе си плукаме и по немажената стара мома, дебелата колешка, никаквиот шеф, неспособниот маж/жена итн. Не ни е ништо доволно на нас, ние сме на пиедесталот таму горе, сами, најдобри.

И не сме, за жал не сме, само во главата сме си направиле филм во кој сме главна улога и херои и најпаметни, а не сме ништо од тоа. Само сме за жалење. Затоа што имаме живот за живеење и наместо да го правиме тоа најдобро што можеме, ние критикуваме што другите прават погрешно.

Најтрагично е што пак тие успеале во животот многу повеќе од нас. Ние сме само мали очајни хејтерчиња, богати со ништо друго освен со отровни зборови.

Многу хејтаме, малку живееме! Тажничко, зарем не?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава