Сестра крвопиец: „Братче може една услуга, а може ли цел живот да ми бидеш слуга?“

Толку си злобна и себична... Зарем не ти се грози од твојата рефлексија во огледалото? Зарем со таков однос кон најсветото нешто - братот, можеш мирно да спиеш?

sestra-krvopiec-bratche-moze-edna-usluga-a-moze-cel-zivot-da-mi-bidesh-sluga-01.jpeg

Има ли нешто посвето од брат или сестра во животот? Нормално, нема! Но, говориме за оние нормалните, оние кои ве сакаат со цело срце, кои понекогаш вашата среќа ја ставаат пред својата и кои за вас планини би урнале.

За жал, има и исклучоци од ова правило... Запознав жена, која не би си ја посакала ниту во најлошо можно животно сценарио за сестра. Таа е сестра на мој познаник, која е себична до болка, смета дека светот се врти околу неа и му го загрозува животот на најблискиот свој со секоја своја постапка.

Тој ѝ е таксист, потрчко, слуга.... Иако, има свое семејство оваа жена како пијавица е закачена за вратот на брата си и го цица, го цеди, користи сè што може да се искористи од него. Ниту најлош непријател тоа не му го прави на човека мислам.

Со манипулирачки зборови и наместена насмевка на лицето во улога на жртва, таа секогаш извлекува сè што ќе посака од него. И додека тој, човекот со најголемо срце што го познавам, смета дека семејството е светост и тие никогаш не може да ви погрешат, ниту да ве злоупотребат, го става својот живот на пауза веќе години наназад, слугувајќи ѝ на оваа себична жена.

Комплетно неспособна за да функционира сама или уште подобро глуми неспособна затоа што така и одговара, таа е хорор и за очи и за уши. Секој ден со по 10 барања, 20 молби, 50 потреби го малтретира својот брат. Наместо да изгради свој живот со сопругот, на неа ѝ одговара да биде крвопиец, кој за осет не знае.

Го лаже брата си дека го сака, а секое дело погласно од претходното ѝ вреска како не му мисли ништо добро. Од дното на срцето посакува тој да остане цел живот сам и очаен и да ѝ биде на закачалка секој пат кога не ѝ се исушил лакот на ноктите, па треба да ѝ ја отвори вратата (метафорички нели), кога ќе си ги потроши парите на брендирана облека (која сепак не може да ја маскира грдотијата на нејзината душа), па тој да ѝ ја даде целата плата и да биде оставен буквално на просјачки стап, кога нејзините деца ќе мора да одат на луксузно зимување, тој да ѝ ја подари целата своја заштеда, која демек еден ден планира да му ја врати.

И со сјајна обвивка на себе, скроена од лажни зборови „Братче, колку многу те сакам, ти си најдобриот на светот“, таа ја крие својата себичност, а овој сирот на две очи не гледа. Такви се луѓето со големо срце, кога сакаат сакаат вистински и токму затоа ми е најмногу жал што ова користољубиво суштество, кое за жал во животот му се паднало да му биде сестра, го спречува да живее и диши слободно, да го искористи својот вистински потенцијал, да изгради семејство и да биде среќен како што заслужува да биде среќен.

Како спиеш навечер „госпоѓо“, зарем и себе се лажеш дека не си себичен крвопиец, како немаш грижа на совест за својата нечовечност и тоа не кон странец, туку кон родениот брат? За миг помисли да ви бидат сменети улогите, дали тоа ти изгледа како вистинска љубов помеѓу сестра и брат?

За таквите како тебе ниту чистилиште нема да ја заврши работата. Само жал ми е за него, човекот со огромно срце, кој го газиш цел живот, а никако да се освести...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg