За да го ставиш прстот на главата, треба да имаш нешто во неа

Секојдневно насекаде, секогаш се наоѓа по еден таков или таква па без разлика колку му објаснуваш и раскажуваш, зборовите не допираат. Како да го извадил мозокот од сопствената глава и да се насочил кон слободно паѓање без трошка размислување.

za-da-go-stavis-prstot-na-glavata-treba-da-imas-nesto-vo-nea-01.jpg

Што е тука проблемот, дали е до вас и вашите методи, дали е до вашите зборови или можеби до пристапот. Што се случува со тие луѓе кои едноставно не можат да разберат или не сакаат да разберат?

Им раскажувате за големи идеали, соништа, подвизи, за светот кој се наоѓа надвор од еден затворен круг, за животот кој треба да го видат, за она што е непознато и неоткриено, за она што ќе ги промени како луѓе, но тие знаат само за она што им се наоѓа пред носот и повторно ќе ги свртат истите разговори рекала-казала, како тоа да е најважното нешто во светот. Како да не знаат за ништо друго.

Стопати ќе ги посоветувате и ќе им укажете како да постапат во одредена ситуација, но тие, секако по свои убедувања ќе заглават во калта и повторно ќе се обратат на ваша адреса, со образложение дека требало да ве послушаат, но и самите не знаат зошто не го направиле тоа пред да е предоцна. Вам ви се стемнува пред очи бидејќи повторно се враќате во истиот круг на безизлезноста. Заглавени со некој кој е склон кон непослушност, а е жеден за совети, само за да не ги послуша.

Ќе ги предупредувате, ќе се мачите, ќе се трудите да им помогнете за да им направите добро или во крајна сметка да се најдат себеси. Никаква корист нема да има од сето тоа и секако ќе им кажете пред да направат што било да си го стават прстот на главата и да се запрашаат што прават пред да направат глупост.

Но, како помага поставувањето на прстот на главата, кога некој нема ништо во неа?

Да не ме сфатите погрешно, јас често велам дека не е срамота да не знаеш, но срамота е да не научиш. Особено ако човек насилно не сака да научи. Таквите луѓе едноставно не сакаа да научат. Го возеа филмот кој го знаеа и ги вртеа одново и одново истите работи кои им беа познати или се правеа дека им се познати и не прифаќаа ништо друго. Експерти за сè, најчесто во претерано зборување и глупирање.

Беа најгласни без аргументи, најекспонирани кога немаа што да покажат и често го креваа носот кога некој ќе им го покажеше местото, потенцирајќи го нивното катастрофално однесување. Низ годините се обидував да имам влијание на таквите луѓе во мојот живот, за да го пронајдат најдоброто во себеси, за да не бидат бодеж во општеството со својот простотилук. Но, човек не се менува, ако самиот не се одлучи на таков чекор.

Можеш да вложиш сè, да го дадеш целото време на светот и да ги искинеш сите нерви, но таквата личност, која не сака да се промени, ќе остане со своите заглавена во своите прости сфаќања и можеби некогаш ќе го доживее своето големо просветлување, ако не биде предоцна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg