Татко ти гушни го, нему срцето му се кине додека плачеш по тој неранимајко!

Зошто љубовта на татко ти ја земаш здраво за готово, не го цениш доволно и не му кажуваш дека го сакаш, а тоа го правиш кон луѓе што не заслужиле?

tatko-ti-gushni-go-nemu-srceto-mu-se-kine-dodeka-plachesh-po-toj-neranimajko-01.jpg

Ја гледам свиена на креветот, нема желба за живот, како сите бродови да ѝ потонале, како утре да не постои, за неа повеќе нема нијанси, сè е комплетно црно... Зошто? Затоа што веќе него го нема, затоа што мажот, на кој срце му дала за само 10 месеци, ја оставил, и без него не гледала иднина...

Ти, драга моја која сега си со очи пресушени од солзи, дали знаеш ова колку ги боли твоите родители? Дали знаеш дека на татка ти срцето му се пара додека те гледа како за некој си маж здравјето си го расипуваш, како сама себе се кршиш и уништуваш?

Помисли малку на него. Човекот што од млада фиданка те расте и што со љубов те наводнува децении наназад. За него никогаш како да немаш време за едно „те сакам“, за искрено „благодарам“, за „извини“ кога ќе му погрешиш.

Неговата љубов ја земаш здраво за готово, а тука на некој си туѓинец му дозволуваш срцето да ти го толчи. На тој ќе му го дадеш и сето слободно време и најубавите зборови и најмилните прегратки, а за нешто такво кон татка ти време немаш, желба немаш.

Цел живот ти дава закрила и цел живот над тебе бдее и тој, заедно со мајка ти, е единствениот кој за тебе и срцето би го дал ако е потребно. Да, во буквална смисла на зборот, би дозволил од градите да му го извадат само за тебе. Кој друг ќе го стори тоа? Тој маж за кого сега плачеш? Верувај, никогаш!

Да те сакаат вистински безусловно само малкумина знаат, а тој стар мил човек дома кој само како сенка во домот го гледаш, сè додека не почувствуваш некоја потреба од него, тој за тебе живее. Со насмевка, со убав збор, со изразена љубов можеш денот да му го направиш најубав.

По луѓе потоа ќе говори ќерка ми денес што стори за мене. Ќе се фали по луѓе затоа што твоите прегратки за него се луксуз. Тој ја цени твојата љубов и му е една од најсветлите точки во животот.

Зошто тогаш за љубов си скржава? Зошто тогаш кон него срцето не го отвориш, а не цел живот делиш љубов на луѓе кои не ја заслужиле?

Тој сам нема прегратка да ти побара. Ќе се прави цврст без тебе. За љубов од чедото да моли не е ниту правилно. Ти чедо негово, ти негова најсветла ѕвездо, освести се и доста плачеш во креветот по некој си неранимајко.

Дај им љубов на тие околу тебе кои безусловно те сакаат. Татка ти гушни, мајка ти бакни ја, а на другите отвори им го срцето само ако вистински заслужат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава