„Господе, дај ми сила да ја преживеам матурата на ќерка ми“

„Господе, дај ми сила да ја преживеам матурата на ќерка ми“. Па повеќе би рекла дека треба да ти даде разум, но добро. Вие си знаете.

Gospode-daj-mi-sila-da-ja-preziveam-maturata-na-kjerka-mi-01.jpg

Нова година, нови матурски прослави. Постои ли место на планетава Земја, освен Балканов, каде што луѓето толку многу се потресуваат за завршено средно образование? Средно, коешто патем е задолжително кај нас, што значи дека со многу малку исклучоци, СЕКОЈ го завршува.

Па што поточно славиме?

Нормалниот свет слави природна убавина, ние уште не можеме да се наситиме на вештачки „морков“ тен, на вештачки нокти, трепки, усни и додатоци во косата.

Зависни од материјалните нешта, од прекумерното трошење пари, од пустото „како ќе се облечат другите и што ли ќе речат за мене“, повторно се паѓа во замката на матурските прослави.

Мали мини свадби. Ечи музика, се игра по маси, се меша, се лепат пари. Свадба без невеста. Голем успех, момичето завршило средно училиште. Јас и уште 99 будали сме дошле да ја „испратиме“ на прославата каде што може да го „рокне“ првиот алкохолен пијалак бидејќи е полнолетна.

Се шегувам, секако дека многу одамна го вкусила алкохолот како и останатите од генерацијата, да не се лажеме сега.

А на матурската прослава пак не е дозволено да се служи алкохол, демек не се сите полнолетни. Каков парадокс и смешка, вистинска слика на нашето општество. Многу сме по правилата, ама уживаме да ги кршиме.

А може ли да ги скршиме тие новокомпонирани правила кои се однесуваат на една матурска прослава? Можно ли е матурантите да се облечат фино, скромно и нормално?

Може ли девојките да личат на она што вистински се – девојчиња, наместо на страшила со напумпани усни, нокти од по 5 cm, загипсирани торти со 16 слоеви шминка?

Може ли машките да ги намалат своите очекувања и барања за брендирани фармерки и патики кои чинат колку две плати на мајката?

Тоа е нашата арена на натпревар – кој поскапо се облекол и кој каде се нашминкал. Кој каде ќе прослави (строго надвор од дома) и колку гости и пари се собрале.

Останаа ли нормални и скромни луѓе кои прославуваат без помпа, без циркуси? Па шетање по соседните држави, облека не можело да се најде кај нас.

Абе продавници ни за лек кај нас, арно не отидете и на друг континент за матурското дотерување, до толку сте уникатни. Половина не знаете 2 и 2 да соберете и ќе цркнете за јадење ако мама не е дома да ви намачка нешто на лепче.

Но, не ве обвинувам вас. Вие сте најмалку виновни во приказната. Тука постојат луѓе кои ве поддржуваат во ова налудничаво однесување. Кои навидум не се согласуваат со вас, но потајно ќе ги превртат небото и земјата за да ви ги задоволат хировите.

Тоа се вашите родители. Тие се најголемите виновници што не ве воспитале на време, што не ви дале насока во животот, што лаете на ѕвездите, што сте разгалени, распекмезени и немате ни најмала идеја како изгледа реалноста која ве очекува по таа гламурозна прослава.

Сите нормални родители и деца, кои точно знаете каде и како живееме, кои цврсто чекорите на земјата и не го парате небото со носот, кои имате „усул“ и радо би ги донирале парите од матурскиот пакет трошоци за некое болно детенце и ќе се задоволите со поскромна прослава, силно ве поздравувам и се надевам дека ве има.

Всушност, се молам да ве има. Мора да ве има, бидејќи во спротивно надежта згаснува тука.

До останатите кои се молите Бог да ви даде сила да ги истуркате матурските прослави на своите принцови и принцези, се надевам ќе ви даде сила.

И доволно дијазепам и ниска каматна стапка за враќање на долговите во име на најголемиот празник во животот – нејзиното височество МАТУРА.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg