Како е да бидеш онаа која е изневерена, наместо онаа со која изневерува?

Понекогаш во животот нема потреба да ги сфаќаш работите, ниту да се обидуваш да помогнеш на луѓето на кои едноставно не може да им се помогне.

kako e da bides onaa koja e izneverena namesto onaa so koja izneveruva 01

Не барај логично објаснување онаму каде што се загубил разумот и не барај човек во оној кој се изгубил себеси. Не ги суди, но исто така не ги жали, сите жнееме она што ќе посееме. Колку и да звучеше излитено, така беше.

Ти ја гледам болката во очите, твојот намуртен поглед вперен во земјата. Се движиш по ритамот на музиката, но некако нерасположено, како да немаш живот.

Не сакав да те забележам, не ми беше тоа намерата, знаев што ќе сретнам таму, но таа негативна енергија зрачеше на сите страни во целата таа безгрижност.

Сакаш да се преправаш дека ништо не забележуваш, дека ти е сеедно, а на челото имаш извичник кој зборува повеќе од тебе самата.

Вашите погледи се сретнуваат, тебе ти трепери душата, а него не му трепнува око, вечерва друга ќе остава траги на неговите кошули. Тоа нема да биде неговата сопруга, тоа нема да бидеш ти.

Карма или случајност, не знам на што да го препишам, боли зар не?

Како е да бидеш онаа која е изневерена, наместо онаа со која изневерува?

Зарем виде сè преку очите на жената на која ѝ наби рогови. Што èе си помислува таа кога ќе помириса туѓ женски парфем на неговата облека?

Можеш ли сега да сфатиш зошто си оди кога ќе му заѕвонат децата, зошто не останува да лежи на твоите гради кога ќе го побараат.

Сфаќаш ли дека тие се оние од кои тој зависи, а ти си само попатна станица, денес може да помине оттука, утре од сосема друга попатна станица, кога како ќе му дојде.

Ја почувствува болката која ти ја нанесуваш на некој друг, нели ти кажале да не правиш она што не сакаш да ти го направат тебе, нели некој го спомнал тоа?

Сфаќаш ли дека твоите залудни молби и прашања дали ти му даваш повеќе од сè она што таа може да му даде, дали сега ти станува јасен одговорот, дали ја гледаш сликата или ќе продолжиш да молиш да остане, некој кој никогаш не ни дошол.

Не сакам да разберам, дури и ми паѓа смешно како може некој толку да се самопотценува, да се задоволува со второ место или третото, кое е кисело и боли до коска. На што се препишува тоа, на загубен разум или слепило?

Би сакал да можеш да видиш каква слика оставаш од страна кога го носиш бројчето 2 во листата на љубовници, но за жал тоа е начинот на живот кој ти го избираш.

Чекањето и надежта за настан кој нема да се случи ти стануваат секојдневие, а гратис на тоа добиваш маж кој мора да го делиш. Самотијата ќе те убие, тагата ќе ти го распара срцето.

Се прашуваш дали некогаш ќе остане во твоја прегратка, а јас се прашувам до кога човек можеше да се гази себеси и да живее така?

Не ја обвинувај љубовта, таа ништо не ти згрешила. Не ги обвинувај мажите, тие на никој начин не ти наштетиле.

Ако сакаш да знаеш зошто, тогаш прашај се себеси, во меѓувреме тргни го тој кисел израз и насмевни се, по сè изгледа бронзениот медал за тебе и не е така лош.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg