„Имав среќа што ја пронајдов да ме трпи“! А таа со што заслужи казна како тебе - си се прашал?

Тој беше прекрасен за себе и за сите други, само не за жената што го сакаше со целото свое срце.

imav-srekja-shto-ja-pronajdov-da-me-trpi-a-taa-so-shto-zasluzi-kazna-kako-tebe-si-se-prashal-01.jpg

Прекрасен човек е тој, за себе и за сите околу него... Со душа широка, со забавен карактер со константна подготвеност за авантури, со желба да помогне и со невиден апетит за успех. Прекрасен за сите, но со исклучок на неа, дали кажав?

Со исклучок на неговата сопруга која веќе две децении му е најголемата поддршка, која ги трпи сите негови испади, која го чека во ноќите и која му е комплетно посветена во деновите. Тој пак е добар за сите, само лош за неа.

Секогаш му е на последното место. Како боксирачка вреќа на која ги истура емоциите и чие присуство го зема здраво за готово во својот живот.

Додека шета со други по кафеани до рано наутро – таа го чека, додека брка бизнис зделки – таа го чека, додека нема време за своите деца – таа го разбира, додека другите го осудуваат за третманот кон неа – таа го оправдува. Но, не заслужува оправдување!

Не му се доволно оправдание зборовите „Жена ми е ангел, имав среќа што ја пронајдов да ме трпи“. Па, размислете само колку тони себичност содржат овие зборови?

И во ред е вербалното давање на признание, но ако некој е свесен дека некому нанесува болка и не презема ништо во врска со тоа, не е во ред, зарем не? Па, дали таа е родена за тебе да те трпи? Дали љубовта значи трпење или тука има и компромиси и давање и разбирање?

Тој секогаш е ѕвездата која мора да биде во главен фокус на секој настан, а таа негова сенка. Секогаш подготвена да му биде ветер во грбот и секогаш полна со прошка и разбирање.

Од друга страна, тој никогаш не жртвувал ништо во име на неа и на заедницата со неа. Дури како од него да зрачи ставот дека е со неа само затоа што ниту една друга не би го трпела.

Зарем жената која најискрено знае да сака заслужи вака да биде казнета? Или така е тоа во животот, добрите секогаш го извлекуваат подебелиот крај. Изгледа тоа што знае да премолчи и проголта и се удри од глава.

Нејзиниот самозаљубен партнер верувам дека никогаш нема да ја сака ниту половина од тоа што се сака себеси. Верувам дека картите да беа поинаку поделени во животот и тој да се најдеше во нејзина кожа ќе избегаше уште на првата годишнина од брак. Верувам дека не е свесен дека да се биде со него е казна, но некој го сака премногу и оди против себе во име на љубовта.

Верувам дека ќе го сфати тоа дури тогаш кога сите нејзини граници на толеранција ќе бидат преминати и таа ќе замине. Верувам дека ќе биде предоцна и дека на сите ќе им раскажува имав среќа што ја имав, но бев глупав што не ја ценев. Верувам, вистински и од срце верувам, дека таа конечно ќе се освести...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg