Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Дебела си, или ослаби или ќе те оставам!“

Се симнувам во еден маалски бутик во обид да пронајдам подарок за роденден. Во моментот кога јас влегувам во дуќанот од гардеробата излегува жена, некаде во 40-тите години и се погледнува во огледалото. Жената е малку полничка, ништо особено страшно. Изгледа малку тажно и многу уморно.

Debela-si-oslabi-ili-ke-te-ostavam-01.jpg

Додека се огледува, а двете продавачки коментираат околу начинот на кој ѝ стои облеката, одеднаш се јавува (очигледно) нејзиниот маж: „Значи жено, ДЕБЕЛА си! Или ослаби или ќе те оставам“.

Коментарот доаѓа со строг и сериозен тон. Продавачките се погледнуваат збунето. Жената поцрвенува од срам, наведнува поглед и веројатно сака да пропадне во подот.

Мојот поглед е насочен директно во мажјакот кој го дава коментарот. Очите ми се двојно ококорени, како да се вперени кон некоја нуклеарна катастрофа. Ме преплавува чувство на гнев и бес кон овој човек, иако не го познавам.

Сакам да ја гушнам оваа кутра жена која е на работ на солзи и да ѝ кажам – Ајде врати му! Можеш да го направиш тоа.

Можеш да му речеш да внимава да не се сопне од својот пивски стомак што оди 2 метри пред него. Можеш да му речеш да си ги припази трите последни влакна на главата од косата која му паѓа во неповрат. Можеш да направиш некоја злобна шега поврзана со темните кругови на маицата кои ги откриваат неговите испотени мишки.

Толку е лесно да дадеш коментар за нечиј туѓ надворешен изглед. Сите имаме мани, никој не е совршен.

Но ваквите „искрени“ коментари не те прават автентичен, слободоумен, свој човек. Не, ти си само невоспитан, без трошка емпатија кон луѓето околу тебе. Ти си нечовек.

Ако се однесуваш вака со најблиските, каков ли третман добиваат оние кои не ги познаваш толку добро?

Постои и подобар начин како да дадете коментар, без целосно да ја уништите и понижите другата личност. Зошто би го правеле тоа на суров и безобразен начин? Зошто мора да се случува во јавност? Зошто воопшто сте со некого доколку мислите дека е одвратен? Дали вашата љубов и посветеност кон некого е поврзана исклучиво со неговиот или нејзиниот надворешен изглед?

А секојдневно сме сведоци на вакви изјави, жени кои ги критикуваат своите мажи, мажи кои ги навредуваат своите жени… божем со некоја возвишена цел како да го подобрат нивниот живот, „за нивно добро“.

И што е со молчењето кон ваквите навреди? Како успевате да го поминете денот покрај вакви луѓе кои сте ги одбрале за ваши партнери? Зарем не ви се гади кога ќе си легнете до нив?

Зарем не ви горчи чувството на непочитување и гадење кое отворено го покажуваат кон вас?

Зарем не се почитувате, сакате и цените малку повеќе? Бидејќи ако не го правите тоа самите, како очекувате да го добиете од некој друг?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Си била една жена и отишла во продавница за мажи... На првиот кат пишувало: „Овие мажи имаат работа“. На вториот кат пишувало: „Овие...
Во автобус од Скопје до Милано патував со жена на која сè ѝ пречеше и само се бунеше - Зошто не е уб... На почеток да појаснам која е „Славица“ (ако не знаете) - тоа е секоја жена на к...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница „Вашата секси љубовница можеби е нечија здодевна жена, а вашата здодевна жена не...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Поучна приказна која за 30 секунди ќе ве научи мудрост за цел живот Еден млад човек му се обратил на еден мудар старец со зборовите: „Толку си мудар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg