Ако е прекрасна - не е лесна за трпење, ако е лесна за трпење - не е прекрасна

Таа му го правеше животот забавно возење на ролеркостер. Беше навлечен на нејзината енергија, дури и во мигови кога знаеше да биде причина за неговата несоница.

ako-e-prekrasna-ne-e-lesna-za-trpenje-ako-e-lesna-za-trpenje-ne-e-prekrasna-01.jpg

Знаеше тој да се пожали од неа. Таа беше бура од емоции. Див оган. Радост и болка едновремено. Само силен маж можеше да се носи со такво нешто. Некој со слаба психа одамна ќе беше во отпишаните.

За авантура жедна, за живот гладна. Енергија која плени и плаши едновремено. Секогаш со идеја на ум. Со желба. Со мисла дека може подобро. Со верба дека таа ќе направи подобро. 

Беше магија. Беше човечко суштество какво што ретко запознавате. Со принципи. Со самодоверба. Со пркос кон работите кон не ѝ се допаѓаа.

Знаеше да вреска по него. Знаеше да плаче како дете пред него. Знаеше да му ги приреди најголемите драми. Кога ќе му се појавеа темни подочници под очите, се знае - беа нејзино дело. Но, и кога тој се смееше... Со очи. Од душа. И тоа беше нејзино дело.

Само таа знаеше така силно да продре до него. Го знаеше подобро од самата себе. И тој неа исто така.

Дефинитивно беше тешка на моменти. Сепак како велат: „Ако е прекрасна - не е лесна за трпење, ако е лесна за трпење - не е прекрасна“. И токму така беше. Со неа животот беше забавен. Без неа незамислив. Можеби помирен, но и здодевен. Безвреден.

Тој беше свесен дека таа е вредна. Дека една несоница од неа ќе му донесе 10 насмевки потоа.

Знаеше дека не е тој за да биде со некоја од оние „мирните“, кои за ништо немаат замерка, сѐ им одговара и на крајот е секогаш како ќе каже тој. Со нив нема предизвик. Со нив животот не е забавно возење на ролекостер, туку монотонија.

Предвидливи ситуации. Еднолични разговори. Денови идентични еден на друг, нанижени во низа.

Не, не е тој за тоа. Иако, понекогаш на глас ѝ вели дека цената да биде со неа е превисока. Дека таа бара премногу жртви. Дека е ненаситна. Дека е на моменти напорна.

Во себе знае јасно како ден дека таа вреди. Не запознал во животот ниту една друга што правела да се чувствува толку жив. Емоции, мириси, допири, со неа сѐ е посилно. Соништа, цели, идеали со неа сѐ изгледа достижно.

Некако еднаква на него е. Силна. Инспиративна. На крајот, доцна во ноќта, се превртува на перницата и на лицето му се исцртува блага насмевка кога низ умот му минува: „Ако е прекрасна - не е лесна за трпење, ако е лесна за трпење - не е прекрасна“.

А таа? Таа е прекрасна за него.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg