Мудрост од животот на Кијану Ривс, која ќе ве направи подобар човек

Кијану Ривс е најприземјената „ѕвезда“. Ќе го видите како се вози со јавен превоз, како шета сам, без телохранители, облечен во евтина облека, додека пие сок и јаде сендвич на клупа...

mudrost-od-zivotot-na-kijanu-rivs-koja-ke-ve-napravi-podobar-covek-001.jpg

Неговата животна приказна е трагична. Несреќата почнува да го следи на 3 години, кога неговиот татко го напуштил. Променил 4 различни училишта откако се борел со дислексија, која го направила неговото школување екстремно тешко.

На негови 23 години го губи најдобриот пријател поради предозирање. Во 1999-та година, неговата девојка Џенифер, која била 8 месеци бремена, раѓа мртво бебе. Не можејќи да го поднесат притисокот, се разделуваат. 18 месеци подоцна Џенифер загинува во сообраќајка.

Неговата хорор животна приказна не може да ја изрежира ниту најмрачниот човечки ум, но сепак, во Кијану останува огромна доза желба за живот.

Ова е неговата мудрост која ќе направи да живеете подобар и посреќен живот:

„Мајката на мојот пријател се хранеше здраво целиот нејзин живот. Никогаш не консумираше алкохол или нездрава храна, вежбаше секој ден, беше витална, активна, ги земаше сите суплементи препорачани од нејзиниот доктор, никогаш не се изложуваше на сонце без крема со заштитен фактор, а кога беше на сонце, времето беше ограничено – на кратко, правеше сè за да го заштити своето здравје. Сега има 76 години и има рак на кожата, рак на коскената срж и остеопороза во краен стадиум.

Таткото на мојот пријател јаде сланина врз сланина, става два слоја путер, консумира масти и мислам дека никогаш не вежбал. Секое лето кожата му гори до црвенило. Поточно, животот го живее како што сака, не како што другите сметаат дека е правилно. Има 81 година и докторите велат дека е здрав како младо момче.

Луѓе, не можете да се сокриете од својот отров. Тој постои и ќе ве најде, па како што би рекла мајката на мојот пријател: Да знаев дека животот ќе ми заврши вака, ќе го живеев со полна пареа, ќе правев сè што ќе посакав, а не она што ми кажуваа да го правам.

Никој од нас нема да се извлече жив, па ве молам престанете да се третирате како што другите ве советуваат.

Јадете вкусна храна. Шетајте на сонце. Скокнете во океан. Кажете ја вистината која ја носите во срцето како скриено богатство. Бидете будалести. Бидете љубезни. Бидете чудни. Немате време за ништо поинаку.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg