Добро, до кога со овие „СФРЈ“ размислувања?!

„А јас ни крив ни дужен, во друштво ме зафркаваат другарите дека пијам чоколадно млеко наместо пиво. Цигари не сакам ни да видам од далеку, а сум бил пијан помалку од 15 пати во животот. Ме гледаат на улица како душман да сум им, а не разбираат дека најголемите душмани носат кравати и одела.“

Dobro-be-do-koga-so-ovie-SFRJ-razmisluvanja1.jpg

Врти сучи, пак ќе ми се обрати некој нов пријател со она веќе добро познатото „Абе јас кога те запознав, мислев некој наркоман си или пијаница, или некој лош човек, ама вака откако те запознав подобро, добар човек си бил...“ ...„Да да, знам“ - му велам како по навика.

Не е ниту првиот ниту последниот што ми ја кажал потполно истата реченица. А не е дека не боли кога во 21-ви век сѐ уште ми судат по изгледот и музиката која ја слушам. Никој не се труди да разбере или барем да прочита два текста од „наркоманските“ бендови кои ги слушам, кои пак врска немаат ниту со дрога ниту со било што негативно, ама ете... останало такво размислувањето уште од времето на Тито.

Метал и рок музиката сѐ уште се наркомански музики, а рокерите и металците наркомани.

Гледам бабине бегаат од мене на улица, во автобус непријатно им е да ми се обратат за да ме станат, а нивните внуци дневно повеќе таблетки од нив голтаат. Ама ајде, не знаат, кој да ги упати? Долга коса сум имал, се знае кој носи долга коса... „Аууу па и со тоа брадата... како поп некој“. Па добро бе луѓе, како може и наркоман и поп да биде човек во исто време, дај одлучете се!

А јас ни крив ни дужен, во друштво ме зафркаваат другарите дека пијам чоколадно млеко наместо пиво. Цигари не сакам ни да видам од далеку, а сум бил пијан помалку од 15 пати во животот. Ме гледаат на улица како душман да сум им, а не разбираат дека најголемите душмани носат кравати и одела.

На факултет еден професор кога ќе му кажам „Добар ден“, врти глава и се прави наудрен, сум му се појавил на предавање со марама и кожна јакна.

Не можам ни да замислам како ќе ме гледаат кога ќе се истетовирам... а сакам, не е дека не сакам. И не е ради мода, туку затоа што сакам да исшкртам нешто што ќе ми значи, ама добро, „среќа“ немам пари па не можам да си дозволам да личам уште толку „непопуларно“.

А додека овде на Балканов се случува сево ова и додека младите со „алтернативен“ стил ги осудуваат со поглед на дневна база, истите тие луѓе се возбудуваат за тоа како во Германија, Данска и другите развиени земји, сите имале тетоважи и никој не се замарал со изгледот на другите...

На крај, муабетот ми е дека сѐ додека гледаме на луѓето околу нас низ очилата на дискриминацијата, нема да имаме никаков напредок, ниту како држава, ниту како општество, ниту личен напредок (како луѓе).

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg