Знаци кои покажуваат дека ви оди добро во животот, иако не мислите така

Секогаш е лесно да ги преброиме своите неуспеси и притоа целосно да заборавиме на сето она што успешно сме го направиле.

nekolku-znaci-deka-ne-vi-odi-tolku-losho-vo-zhivotot-kolku-shto-mislevte-01.jpg

Ситуацијата ја влошува и постојаното споредување со постигнувањата на оние околу нас. Но, никогаш не заборавајте дека колку и да ви изгледа лоша вашата лична ситуација, всушност, постојат и успеси на кои заборавате.

Кога ќе ги прочитате следниве знаци, ќе сфатите дека ви оди подобро од што замислувавте.

Имате постојани врски, односи и комуникација

Можеби немате стабилна љубовна врска, но помислете на сите оние пријателства, познанства и роднински врски кои секојдневно ги негувате. Не е така лошо, нели?

Дури и најинтровертните луѓе имаат неколку контакти со кои одржуваат здрави односи.

Сетете се само на поддршката од семејството и од пријателите. Всушност, никогаш и не сте биле така сами колку што ви се чинело.

Способни сте сами да донесете одлуки

Секој ден носите по многу одлуки, од најситни, па сè до оние големите и клучните за вас. Знаете што е најдобро? Што тоа умеете да го направите сами. Што знаете да ги согледате предностите и недостатоците и да направите реална проценка на ситуацијата.

Секогаш можете да се доверите некому, да побарате помош, совет или мислење, но на крај, вие сте тие кои одлучувате за себе.

nekolku-znaci-deka-ne-vi-odi-tolku-losho-vo-zhivotot-kolku-shto-mislevte-03.jpg

Умеете да кажете „не“

Вие сте значајна личност и никој не смее да манипулира со вашата човечност и добрина. Поради тоа, одбивајте го она што не одговара на вашите принципи или ве деградира како личност.

Тоа не ве прави груби, дрски или непристапни. Напротив, ги учи оние другите дека си имаат работа со некој кој точно знае што сака и врз кој не можат да „натоварат“ обврски и одговорности од кои сакаат да избегаат.

Придонесувате кон свесност и будење околу одредена тема

Без оглед во која област и да го правите тоа, вие давате значаен придонес и сте пример барем на неколку луѓе. Можеби практикувате јога, медитирате или вежбате или можеби учествувате во добротворни акции и фондации.

На некој околу вас сигурно му се допаѓа тоа што го правите и размислува да го примени.

Свесноста и будењето некогаш може и да ги гледате самите вие. Со тоа и ги применувате врз себе. На тој начин самите си влијаете и си помагате да бидете подобра личност.

nekolku-znaci-deka-ne-vi-odi-tolku-losho-vo-zhivotot-kolku-shto-mislevte-02.jpg

Љубовта и удобноста се вашиот примарен мотив

Сите правиме некои работи затоа што мораме, но некои ги правиме затоа што сакаме. Затоа што прават да ни биде удобно и убаво и затоа што имаме развиено љубов кон тоа.

Тука може да се вкличи и грижа за постари лица, рачни изработки, општествено корисни активности, што било што ве прави среќни.

А, навистина е подобро кога сме мотивирани од уживањето и среќата, отколку од притисокот и стравот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg