Кратки мотивациски приказни кои ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа

Инспирацијата од други луѓе влијае многу позитивно на сите нас и нè тера да продолжиме да правиме добри работи, да се вреднуваме и да веруваме во нашите соништа.

kratki-motivaciski-prikazni-koi-kje-ve-inspiriraat-da-gi-sledite-vashite-sonishta-01.jpg

Вистинските приказни кои другите ги споделуваат влијаат многу мотивирачки, а токму таква е оваа колекција.

Овие приказни се од реални луѓе кои раскажуваат како ги надминале пречките, верувале во себе и успеале во тоа што го зацртале.

Се надеваме дека приказните на овие луѓе ќе ве инспирираат да не се откажувате и да ги следите соништата:

Млад дечко го споделува патот од сиромаштијата до Харвард диплома за право

„Во средно, печев плескавици во McDonald’s за да можам да си ја дозволам привилегијата да полагам SAT. Ги хранев  и се грижев за моите помали 3 сестри додека не заспијат, а потоа останував до 4 часот сабајле за да ја завршам домашната задача. Бришев тоалети, редев книги на полици и продавав облека за да го следам сонот. Јас сум син на работник во магацин и имигрант, прва генерација на ученик. Денес дипломирав на Харвард.“

Храбра млада жена која презема чекор кон посветла иднина

„Пред 5 години, бев стрелана во обид да ме спречат да зборувам за образование на жените. Денес, присуствувам на моите први предавања на Оксфорд.“

?lang=en

Момче го запозна својот херој, Олимпискиот пливач Мајкл Фелпс, за само по 8 години да го победи

kratki-motivaciski-prikazni-koi-kje-ve-inspiriraat-da-gi-sledite-vashite-sonishta-023.jpg

Лево стои мајката во 2012 кога е втора година факултет, а десно е истата во 2016-та на денот на дипломирање

kratki-motivaciski-prikazni-koi-kje-ve-inspiriraat-da-gi-sledite-vashite-sonishta-3.jpg

Посветен студент докажува дека никогаш не е предоцна за високо образование

„Мојата цел беше да дипломирам пред да достигнам 100 години. Успеав 33 години порано.“

Ќерка и мајка дипломирале на ист ден, докажувајќи дека никогаш не е доцна

„Мајка ми дипломираше 30 години откако се откажала!“

Што се случува кога се трудиме да ја заштитиме планетата?

„Потребни беа 96 недели и илјадници волонтери за да ја исчистиме плажата Версова во Бомбај, Индија. Резултатот? Стотици илјади морски желки се појавија првпат по децении. Сè може да се исчисти!“

?lang=en

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...
„Многу ме нервира онаа Македонкана на Инстаграм“ Зошто те нервира? Зошто ја озборуваш, искрено? Дали можеби таа успешна Македонка...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg