Не го сакаше, се омажи за него и сега си ги пакува куферите за дома секоја втора седмица

Како можеше врска без љубов како нивната да заврши со брак? Имаа ли грам памет кога ја носеа одлуката?

ne-go-sakashe-se-omazhi-za-nego-i-sega-si-gi-pakuva-kuferite-za-doma-sekoja-vtora-sedmica-01.jpg

Јас ги запознав и до ден денес имам грутка на душата поради тоа. Што ми требаше да изигрувам „клуб на скршени и осамени срца“ и повторно да ја заземам мојата препознатлива улога на стројник се прашувам до ден денес?

И да, знам дека не сум виновна, знам дека јас само ги запознав, а сето останато потоа беше нивен избор, но не можам, а да не почувствувам горчина во устата кога ќе ја видам како со искубана коса и темни подочници во развлечени тренирки и со мрачен поглед оди кон супермаркетот. Потоа се враќа со тешки ќеси полни компири, млеко, леб и што уште не за во домаќинството.

Потоа ќе го сретнам и него како оди некаде, па дури и на половина шега, половина вистина ќе ми каже: „Што ти требаше да ме запознаеш со неа? Како ја земав кога никогаш не ја сакав вистински?“

И се гледаше ниту тој ја сакаше, ниту таа чувствуваше нешто убаво кон него. Беше само ослепена, како опседната со него, односно со мислата да има некој покрај себе, но тоа не беше љубов.

Беа заедно само затоа што ништо подобро немаа на видикот. И во текот на врската таа му ја одземаше секоја слобода од која жив човек има потреба, а тој само гледаше наоколу да најде некоја подобра опција. Милион пати се скаруваа и смируваа. Кажуваа погрдни зборови еден за друг.

Имаше болка во нив. Не беше тоа функционална врска иако траеше со години. Како пекол кој нема крај. И токму затоа бев запрепастена кога ја слушав веста за нивната свадба.

И другите се веселеа. Но, мене некако срцето ми знаеше дека од тој брак не бидува ништо. Како без љубов ќе градат среќа? Како без разбирање ќе градат заедница? Како без почит еден кон друг ќе функционираат до крајот на животот?

И, нормално не бев прашана за мислење, си го поткаснав јазикот и изиграв неколку ора. Си велев грешам. Јас сум од оние кои идеализираат премногу, па си велев дека нивното можеби е реално, а пак она што јас го сметам за совршена љубов е само сцена од бајките.

И така мислам дека таа сè уште си ги немаше распакувано куферите кога се скараа толку жестоко, кога си собра сè и си појде кај нејзините. Да си ја олади малку главата го оставила малку. „Ќе ме бара“, велеше таа.

Но, тој не ја побара, а таа со свиткана опашка со такси се врати на неговата адреса.

И ете ги заедно се, но наместо лансирање во ѕвездите од убавини во првата година од бракот, тие имаат туркање на камен по угорнина и што е најтрагично не со заеднички сили.

Тој вели дека била селски тип. Не бил горд што ја имал за жена. Таа вели дека бил клошар. Не знаел да заработи во животот како другите мажи. И навреди има многу да не навлегувам. Но, не се еден за друг. Јасно е.

Кристално јасно, како што беше и по првиот месец од врската. Што им требаше да губат години заедно, па уште и да се венчаваат?

Не ги разбирам, само гледам колку се млади, а колку се несреќни. Грбовите како да им се подвиткале од тежината на заедничкиот живот. Избрзаа да се втурнат во пекол кој сами си го креираа.

Ќе се засакаат ќе каже некој. Не, не нема да се засакаат. Имаа премногу време за тоа. Ниту имаше клик на почетокот, ниту се роди зрела љубов во врската, така што бракот им е однапред изгубена војна.

Зошто им требаше тоа? Кој ме тераше да ги запознаам за сега да носам товар на душава?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg