Македониофобија - страв да го поминеш остатокот од животот во Македонија
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 24-04-2019
Возач 24-04-2019
Монтажер 24-04-2019


Македониофобија - страв да го поминеш остатокот од животот во Македонија

Деновиве низ интернетот кружи постојано една смешна сликичка која го опишува измислениот збор Македониофобија, страв дека ќе го поминеш остатокот од животот во Македонија.

Makedoniofobija-strav-da-go-pomines-ostatokot-od-zivotot-vo-Makedonija-01.jpg

Некој допишал и – страв секој ден да го живееш со Македонците. Каков совршен опис!

Македонија е истурена природна убавина очигледно дадена на погрешна група на луѓе. Како очекуваш државата да ти биде убава и да цвета кога ти самиот кој живееш во неа си незаинтересиран и се однесуваш како кон најголем душман?

Не чинела инфраструктурата, здравството, образованието? Од небо ли паѓаат овие работи, Господ ли ги доделува заедно со природата, планините и езерата?

Ние сме тие кои треба да се погрижиме за овие работи. Ние сме, од друга страна, истите оние кои ги мрзи да го фрлат ѓубрето до корпата оддалечени 15 метри од нив, па крајно ноншалантно си го фрламе на улица, на тротоар. И немој некој да ни противречи на ова!

Ќе му наредиме сè по список, и мајка и шајка, ќе се заканиме кои сме и што сме, што школо сме завршиле, дека сме граЏани од прв ред и дека во секој момент може да му заѕвониме на вујкото или братучедот, а ти не знаеш што човек е тој! Опасен по животот, ќе дојде и ќе ти ја расцепи главата, затоа што си се дрзнал на пријателот негов ценет да му кажеш дека сее ѓубре по улици.

Да не ви укаже човек на грешка и лошо однесување. Да не ве предупреди дека гласно зборувате во кино или на театарска претстава, вклучувате мобилни телефони со блицеви, гракате и се смеете без грам култура и почит.

Да не ви укаже некој дека не се ’рка на сред улица, не се плука, не се секне носот без палома, не се навлегува безобѕирно во нечиј личен простор додека се чека во редица пред шалтер или на доктор.

Дека си правиме лоша услуга себеси кога за секоја мала ситница фаќаме врски, дека мора да се има правила и ред кои ќе важат подеднакво за сите.

Да не ви даде човек до знаење дека не се пали оган секаде каде што ќе ви текне само затоа што вам ви текнало да терате излет, не се остава кола каде било паркирана, не се полни реката со отпадоци и се собира сè до последна трошка од ѓубрето што си го направил.

Самопрокламирани експери на секоја тема, со елементарно непознавање на општи работи, без грам домашно воспитување. Тие сте тие, огледало на државата за која се тапкате во гради дека толку многу ја сакате.

Вака ли се сака Македонија, со надменост, его до небото и чиста, дури по малку злобна себичност? Нема јас што таму да донирам за некое болно дете, немам вишок пари!

По 15 минути го гледаш седнал на кафе кое чини повеќе од донацијата. Нема ти мене да ми кажуваш како да си го управувам буџетот!

Никој не ти кажува, ама баш никој. Не кажувај ниту ти, не срами се пред светот, не покажувај ја сопствената алчност и злоба толку отворено, страв и ужас ме фаќа од таквите како тебе.

Од ненаситните, од арогантните, од физички агресивните. Од гласните и тепачите. Од некултурните и невоспитаните од дома. Од себичноста која владее, од желбата да докажеш по секоја цена дека не си „сељак“, а се однесуваш полошо од пештерски човек.

Од насилството кон уличните животни, до насилството кон луѓето. Насилство во форма на умствено заморување – којшто рекол, како се облекол, колку пари има… дишете бре луѓе, дишете!

Има цел еден поубав свет после зелената трева и козата на комшијата. Има цел еден поубав свет кога ќе почнете од срце да се радувате за блиските, кога ќе подадете рака некому, кога ќе помогнете без притоа да направите калкулација – а што јас ќе добијам од тоа?

Можеме да создадеме цел еден поубав свет и подобро место за живот само ако малку се насмееме, само ако се подобриме, ако се превоспитаме и почнеме да функционираме организирано и несебично. Со малку повеќе колективна свест, наместо гајле само за сопственото добро.

Немам страв од Македонија како место за живот. Имам страв од Македонците во неа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За добрите работи треба долго, за лошите работи само еден миг е доволе... Само една докторска дијагноза за сериозна болест, сообраќајна незгода со трајни ...
Во Македонија сите станавме експерти за сè – затоа не нè бива! Треба да научиме нешто ново? Па, неее... Зошто ни е таков луксуз во животот? Тре...
Ако те повредил не му давај шанси жено, ќе ги прокоцка сите до една! Зошто залудно се надеваш дека во слабак се крие херој? Залудно ти ветува. Нема д...