„Се оженив за да не бидам во депресија“ - Честитки, сега си во репресија

Зошто луѓето се мажат и женат не е наша работа, меѓутоа станува наша главоболка кога постојано, без ниту еден ден одмор, се жалат од сопствениот брак и партнерот.

Se-ozeniv-za-da-ne-bidam-vo-depresija-01.jpg

Тогаш практично станува ваша работа, бидејќи од вас очекуваат да бидете дежурен психијатар кој има моќ да ги реши сите нивни проблеми.

Не можеме да ви ги решиме проблемите. Како да помогнеш некому кој е тврдоглав и одбива да се соочи со вистината? Второ, имаме свои проблеми и не сме одговорни за поправање на туѓите животи.

Сами ќе си пронајдете решение на проблемот. Запрашајте се прво – зошто сте стапиле во брачен однос? Кој ѓавол ве натера да се мажите и жените кога не ви беше дојдено до тоа?

Се омажив затоа што не можеш да поднесам да бидам повеќе сама… сите мои другарки веќе се испоомажија и родија, за каде сум јас? Не можев само јас да бидам црна овца во друштвото!

Чувствував како ми отчукуваше биолошкиот часовник и имав потреба да станам мајка… сите се отселија од дома, не можев да си дозволам повеќе да бидам „стара мома“ која на 30 и кусур ќе седи во својата детска доба.

Морав да се оженам затоа што по грешка направив бебе. Сакав да проверам дали можам воопшто да направам бебе и ете – бидна. Логично беше да се женам. А и време ми беше.

Навистина тешко е да создадеш дом без помошта и поддршката од партнерот. Да не се оженев, немаше никогаш да се отселам од дома.

Се омажив за да не умрам сама… Се оженив за да не бидам повеќе во депресија…

Честитки, сега си во репресија. Сега си со партнер кого не го познаваш најдобро или пак го познаваш премногу долго и одамна ти е одмилен, толку многу што не можеш да го поднесеш неговото присуство.

Можеби и чувствуваш малку љубов, но онаа љубов како за пријател, другар. Нема длабоки емоции, не ве поврзува страст, ниту желба за градење на иднината која ве очекува.

Во обид да ја држите контролата во свои раце го ограничувате партнерот на секој можен начин – не излегувај таму, не со тие луѓе, не смееш со колегите после работа, не со машки колеги на службен пат…

Во очаен обид да ја смените личноста покрај која сте се потпишале во матичната книга на венчаните, она што не можете да го сфатите е дека – не можете и немате право на тоа.

Пред сè останато, треба да го сакате партнерот онаков каков што е. Доколку тој сака да промени нешто кај себеси, промената мора да ја иницира самиот, не под туѓо влијание и репресија. Да биде некој и нешто што не е, само затоа што вие така сте го скроиле идеалниот партнер во вашата глава.

Каде гледавте кога се мажевте и женевте? Отворивте ли 4 очи, ви одѕвони ли советот од бабите и дедовците – кога земаш маче прашуваш од каде е, а не пак маж или жена?

Останавте игнорантни, слепи и незаинтересираните пред очигледните проблеми, но по секоја цена ете моравте да направите свадба, да се облечете во бело, да посветите повеќе внимание на сите небитни детали, освен на најбитното – на љубовта.

Не се жениш и мажиш затоа што сите го направиле тоа. Затоа што домашните и роднините премногу те притискаат и те потсетуваат дека времето за правење и раѓање деца полека ти истекува како во песочен часовник.

Не се жениш и мажиш за да собереш пари од свадбата и да си купиш автомобил од соништата. За да се иселиш од дома и да започнеш да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси, емоционални и физички.

Не се жениш и мажиш за да не остариш во самотија, за да не умреш сам. Успешниот брак не е таков тип на калкулирано партнерство – ќе го жртвувам ова и ова и ова и ова, за сметка на тоа да бидам нечија сопруга или сопруг.

Има решение и за отселување од дома, и за дете и за купување нов автомобил. Бракот не е инстант-рецепт за реализација на сите овие работи.

Не е потребно да жртвуваш сешто, за да добиеш ништо.

Се жениш и мажиш – од љубов. Старомодно е, смешно е, вистинито е. Од љубов и само од љубов. И таа треба да биде темелот за понатамошното разбирање, за довербата, за уметноста наречена компромис, за целите и очекувањата од заедничката иднина.

Затоа што ако ја немаш љубовта, немаш ништо.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Да не е толкава мрза“ и уште 12 работи што Македонците би ги смениле кај партнерите Да бидеме искрени, никој не е идеален, ни ние, ни партнерот што е покрај нас. Со...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg