Кога некого сакаш, дај му простор да биде тажен...

Кога некого сакате, навистина може да ве повреди и неговата тага. Затоа и веднаш „скокате“ во улогата на утешител и не им дозволувате да тагуваат.

koga-nekogo-sakash-daj-mu-prostor-da-bide-tazhen-01.jpg

Јасно е, сакате да бидете причината поради која повторно се смеат. Но, дури и кога вашите намери се најчисти и најискрени, тагата е емоција на која треба да ѝ дозволите да ве обземе. Знајте дека некогаш ниту бакнежите и подароците не можат да ја избришат, туку ѝ треба време за да може самата да си отиде.

Исто така, не се дистанцирајте кога тоа се случува. Не напуштајте ги кога доаѓаат солзите. Пуштете ги да се исплачат и бидете тука за да ги прегрнете. Бидете им рамо за плачење.

Повлечете се доволно за да им оставите простор, но бидете и доволно видливи за да знаат дека не се напуштени. Не се фрустрирајте поради нивната тага, бидејќи постои нешто што ги прави такви. Не правете да се чувствуваат виновни затоа што се скршени и не можат да ги контролираат солзите.

Но, не очекувајте и дека тагата може едноставно да се реши и дека за половина час ќе бидат расположени.

Кога некого сакате, одолејте на потребата да ја спречите неговата тага. Тие сигурно не би постапиле така кога би било обратно, а уште посигурно е дека ниту вие самите не би сакале лажно да ја прикривате тагата. Најдобрата борба против нејзе е да ја оставите сама да си отиде, за да не се случи некогаш да избие на површина кога најмалку очекувате.

Колку и да мразите да гледате некого кого го сакате тажен, дозволете му го тоа. Дајте им до знаење дека е во ред да бидат тажни пред вас и дека не треба да глумат изнасилено расположение. Токму поради тоа ќе знаат дека ги сакате и насмеани и тажни.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg