Како ги пуштаме луѓето да си одат од нас?

Постои навистина непријатно чувство кога ќе налетате на некого со кого одамна сте ги расчистиле сметките, без разлика дали е поранешен партнер или пријател.

kako-gi-pushtame-lugjeto-da-si-odat-od-nas-01.jpg

Може да се спореди со чешање на вашата кожа, со рана која долго време била отворена и само што почнала да заздравува. На тромбот кој се создава врз раната и кој од досада го гребете со нокти и од него повторно капнува крв.

Така и овие луѓе - тие се раните кои тешко заздравуваат и чии лузни продолжуваат да болат.

Но, вие сте ги пуштиле да си заминат - не затоа што не сте знаеле да се борите, туку за да се заштитите себе. Затоа и треба да гледате на тоа како на една голема победа, како на поштедување од сериозна траума.

Затоа што знаете дека кога-тогаш ќе се разбудите и ќе сфатите дека болката е сè помала и помала, дека заборавате, дека сте регенерирани и дека сте продолжиле со својот живот. Денот кога нема да ви биде грижа за тие луѓе ќе дојде, а вие нема ни да забележите дека се случило тоа, бидејќи ќе имате други грижи.

За тоа да се случи треба целосно да ја ослободите таа личност и да се трудите да не оставате нишки кои ве врзуваат. Тие и понатаму ќе постојат, ќе имаат нови почетоци и краеви, но далеку од вас.

Не треба да се опседнувате со нив, ниту да обрнувате внимание на секоја случајна средба. Она што тие биле со вас веќе не постои, па дури ни во вашата меморија.

Не бегајте од местата каде се движи, не заобиколувајте ја нивната улица и не обрнувајте внимание на нивното постоење. Само така ќе успеете да се заштитите од нив и да продолжите да живеете во свет во кој нив ги нема, во кој постојат некаде далеку и на никој начин не можат да ве повредат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
Марио од 2Бона за CRNOBELO лексикон: „За мене постои само една жена“ „Ако постои една работа за која се каам во кариерата или животот, тоа е што го н...

Најчитани неделава