Таа ѕвер жена, во најлошото најсилна што е, таа ми е гордост!

Ја гледаат и ѝ се чудат од каде ја пронаоѓа волјата за борба. А јас сум горда што можам да кажам дека ја познавам и само сакам на сите да им порачам да учат од неа.

taa-dzver-zhena-vo-najloshoto-najsilna-shto-e-taa-mi-e-gordost-01.jpg

И при најмал притисок луѓето како фиданки пукаат, но таа не. Таа е силна, таа е жена ѕвер.

Се справува со животоодлучувачка ситуација и е попозитивна од сите што ги знам. Нaсмевката на лицето уште и е тука и сите карактеристики што ја прават убав човек се повторно тука.

Ниту е мрачна, ниту гледа само темнини како луѓево околу мене. Блеска како ѕвезда.

Нема огорченост, нема презирање на животот, само прифаќање на ситуацијата таква каква што е и обид за справување со истата на најдобриот можен начин. Фокус на тоа работите да станат подобри и целење кон тоа, наместо бесцелно оплакување на својата судбина.

И има добар живот. Има живот многу позначаен, многу пообоен со ведри бои, исполнет со љубов и убава енергија, отколку многумина други.

Луѓето станаа мрачни, како веќе сè да гледаат црно, но не и таа.

Муза е. На шега ѝ велам ти треба да биде духовен водич, животен гуру, со најтешката ситуација најхрабро се справуваш. Духот ѝ е убав, силата нејзина воодушевува, моќта на самоконтрола ѝ е на врвно ниво.

Знае таа дека какви мисли, таков живот и дека да се труеме со деструктивни мисли „Зошто токму јас“ нема да помогне.

Знае таа дека животот не е фер и дека безмилосно удира без да објасни. Но, знае и дека тој е убав и дека секој миг во него е подарок и мора да го искористиме најдобро што знаеме и умееме.

Лекција е за сите тие намуртени луѓе со банални проблеми кои не знаат како да излезат на крај со истите.

Ја гледаат и ѝ се чудат од каде ја пронаоѓа волјата за борба. А јас сум горда што можам да кажам дека ја познавам и само сакам на сите да им порачам да учат од неа.

Од очајување во креветот нема добар живот. Живејте најдобро што можете без разлика дали животот ви ги поделил картите што ги заслужувате.

Сменете ја тактиката ако сакате да излезете како победник, сè зависи од вас самите. На ум нека ви биде оваа жена ѕвезда водилка кога тага на душата ќе ви натежне. Ако играте мудро, среќата ви е на дофат на рака, без разлика на сè.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg