Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Опни голо стомаче евтино девојче, да ти видам прслуче, па и газенце... за на Инстаграм

opni-golo-stomache-evtino-devojche-da-ti-vidam-prsluche-pa-i-gazence-za-na-instagram-01.jpg

Пред огледало се извила чиниш колкот ќе го шине. Демек случајно задникот да дојде во преден кадар. Фустанчето кратко прекратко или како да ѝ е од кога била 10 сантиметри пониска и 5 килограми послаба или можеби како да го ставила на вриење на 90 степени и ова е резултатот.

Светка, боли глава. Изгледа како Џеј Ло ама за сиромашни. Мисли дека е дива како Џеј Ло, а всушност е подвижен кич пакет.

Го вовлекла стомакот за фалтите помалку да се познаваат ама ете тесен тоа материјалот, па се си оцртува.

Чиниш ѝ рекле „ајде да видиме дали може од себе карикатура да направиш“. Па 5 килограми шминка, па високи потпетици од 15 сантиметри, па поза како да ќе се скрши, па гради извадени до брадавици...

Е, потоа следи наредната слика испотена „сеееензуална“ од теретана. Тука позира со подотворена уста, полупресечена глава за да не дојдат подочниците до израз, затоа што без шминка во јавност не ѝ е најсреќна околност, па потоа хеланки 2 броја помали на бутови што пукаат, па еластичен топ за да има малку гола кожа, е сега дали е за покажување прашалникот е голем ама дека 200 лајкови летаат на ова, летаат.

Па, си има таа верна багра на Инстаграм следбеници кои верно и предано си лајкуваат за утре сиротата пак да им сервира доза голотија. Знаат колку повеќе стискаат, таа толку повеќе ќе дава.

Инстаграмџиската лакомост за лајкови е гооолема.

Ќе фрчат и фотографии со мрежести хулахопки, па усни во крупен кадар напупчени, спремни за акција, со кармин нанесен на површина 2 пати поголема од устата, па замислена поза потпрена со рака за едната града малку повеќе да излезе од деколтето, па нозе прекрстени тактички за да ѕирне што повеќе од кожениот минич, па кадар од горе затоа што така градите ќе дојдат до израз, па кадар од клекната поза за задникот да дојде до израз...

И така, таа секојдневно си ги изразува своите квалитети, а дека е за жалење не размислува затоа што има она по 500 лајкови на слика и за неа зима нема.

Е, сега што на Инстаграм ја перципираат како лесна девојка, а во реалноста не ја препознаваат затоа што не може така „добро“ да се измонтира, тоа е друга приказна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...
Да се биде татко на девојче е вистинска гордост за секој маж Бремена жена го прашува својот сопруг: „Што очекуваш, момче или девојче?“ Сопруг...
Се ежам од вестите за сексуални напади на децата во првите одделенија кај нас и во Србија – Што се с... Во Србија девојче (8) сексуално злоставувало соученичка, кај нас деца со тврд пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg