10 заповеди на Индијанците

Не е точно како стигнале до Европа мудростите на индијанците. Ако потекнуваат од пражителите на Америка, би требало точно да се утврди од кое племе доаѓаат затоа што секое племе имало свој јазик, култура и свои обичаи.

 10-zapovedi-od-indijancite-001.jpg

Можно објаснување е дека едно племе ги пренело заповедите на доселениците и од тогаш почнале да се сметаат за единствени закони по кои се водат индијанците. Убаво е да ги прочитате, а можеби и ќе може да се прилагодите на нив.

Заповеди на индијанците:

1. Кон Земјата и сите живи суштества однесувај се со почит! (заостри го погледот) 

2. Биди во непрекината врска со Големиот Дух! (слушај го внатрешниот глас) 

3. Цени ги најблиските. (Биди вреден за почит) 

4. Вклучи се во создавање подобра иднина за човештвото (придонеси со она во што си најдобар)

5. Помагај во секоја прилика (подобро помагај повеќе отколку помалку) 

6. Прави го она во што си сигурен дека е добро (мисли пред да делуваш)

7. Грижи се за рамнотежа на духот и телото

8. Вложи напор за повеќе добри дела

9. Биди искрен (кон другите и кон себе)

10. Преземи одговорност за своите дела (не ги обвинувај другите)

Една мудрост од индијанците: Оди исправено како стебло. Живеј го животот силно како планина. Биди нежен како пролетниот ветер. Чувај ја топлината на сонцето во срцето и големиот дух секогаш ќе биде со тебе.

Една легенда за индијанците:

Стар индијанец му раскажувал една вечер приказна на внукот за вечната борба меѓу луѓето. И рекол:

сине, борбата меѓу двата волци се случува меѓу сите нас. Еден е зол и во него преовладува гнев, завист, љубомора, самосожалување, лутина, инфериорност, лаги и егоизам. Другиот е добар и во него преовладува радост, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, љубезност, љубов, сочувство, дарежливост, вистина и вера.

Внукот го прашал: „Дедо, а кој волк победува?

Индијанецот одговорил: „Оној кој ќе го нахраниш подобро!

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg