„За мои пари ќе правам што сакам!“ – луѓето од услужната дејност не ти се слуги

Постои една лоша категорија на луѓе коишто заслужуваат да горат во деветтиот круг од пеколот. Своето незадоволство од животот, фактот дека имаат многу малку или пак премногу пари, своите фрустрации и комплекси и сите други пропратни елементи на емпатична и ментална зачмаеност, оваа категорија на луѓе решава да ги истури на најневините од сите – келнери, чистачи и продавачи.

Za-moi-pari-ke-pravam-sto-sakam-01.jpg

Ставот „гајле ми е, за мои пари ќе правам што сакам, а ти си тука да ме служиш“ нема да ве однесе премногу далеку во животот. Не знам како не сфаќате дека сте ситни души, отруени од злоба, крајно невоспитани и дека апсолутно не импресионирате никого околу вас.

Оваа категорија на луѓе е скроена да им го загорчи животот на луѓето од „пониската класа“. Така се доживуваат ваквите потомци, како фараони, додека плебсот е тука да ја гради пирамидата и на секое нивно оп! да направи скок. Тие уживаат да ги тероризираат понесреќните од нив. Или имаат една мисла - ако јас сум денес несреќен, нема ниту ти да бидеш среќен!

Да демонстрираме неколку примери. Ова е категоријата на луѓе кои очајно сакаат да покажат дека се специјални, уникатни, многу нашетани и полни пари.

Во најобична кафеана каде што менито е скромно тие имаат специјални барања како јајца од препелица, зреено сирење и кашкавал стоени најмалку 2 години во каче со зачини кои не знаат да ги изговорат или вино стоено во дабови буриња.

Не е битно што не го знаат имево на последното вино, слушнале та недослушнале, битно е да се покажат пред народот колку се моќни, наспрема селанчињава што не слушнале за Барок (Барик е виното патем, БАРИК!).

„Е како бе немате од тоа вино/сирење/кафе? Што кафана сте вие? Леле чо(в)ече не ми се верува кај живеам еј!“

Дома човечево мачка сув леб и маргарин, ама надвор е неверојатно галантен господин со крајно истенчен вкус и хоби кое вклучува понижување на сите од услужната дејност.

„Вас ова ли личи на чисто? На добро испеглано?“ (Дома има несменети чаршафи по 3 недели, 3 прсти прашина и не слушнал за правосмукалка).

„Дечко, пијачкава ми е премногу ладна/топла, алоооо, вие нормални сте?“ (Дома фрижидерот Ободин од минатиот век одвај успева да излади две шишиња од најевтиното пиво, ама надвор се бара строго Корона, грч ладно, со парче лимУн. Така видел на филмови дека се консумира или му раскажал другар на братучед му што работел на Малта пред неколку лета).

Зошто имате толку силна потреба да ги навредите и понижите сите луѓе кои се тука да ве услужат? Со „ало!“, „а бе“, „а мори“ демонстрирате лично невоспитување. На никој начин ова бедно однесување не ве прави попаметни, подобри луѓе. Ве прави едноставно фрустрирани будали што ја заморуваат околината.

Во ред е дечки. Дури и да го испиете најтоплото пиво во најжешкиот ден, да го изедете најгрозниот кашкавал, најсувото лепче, најовенатата салата, дури и да ја нема вашата специјална пијачка на менито и да не ви се погоди кафето и да се истуфкате како во импровизирана планинска меана – колиба нема Американо, во ред е. Навистина е во ред.

Не ви е виновен персоналот кој работи од утро до мрак за 200 евра и не гледа „бела мечка“ пред очите. Извинете што не е импресиониран од вашиот џип паркиран на самата улица пред локалот, што не загледал какви скапи наочари носите и колку евра извадивте од новчаникот.

Извинете што не ви се потресе како што очекувавте и што не успеавте да демонстрирате над(моќ), па единствениот начин да се докажете е да го навредите и да му го загорчите денот.

Смирете се, горе-долу сите се знаеме кои сме и што сме. Сите сме луѓе и сите ќе завршиме во истата дупка. Гом*ата не ви мирисаат специјално, не сте од големото добро утро како што милувате да мислите, никој не ви се плаши, луѓето не ви се слуги. И не, не може за вашите пари да правите што сакате.

Впрочем, не може со парите да имате сè. Мозок, воспитување, класа веќе видовме дека не може да се купат. Вие најмили, пребирливи души, сте најдобриот доказ за тоа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg