3 кратки поучни приказни кои треба да им ги прераскажете на сите што ви значат во животот

Најубавите приказни најчесто се и најкратки, но тоа не значи дека не се исполнети со доволно мудрост. Одлично е кога со себе носат важна лекција, нешто што ќе го запаметите веднаш, што ќе ви остави впечаток и ќе ви направи вистинска разлика во животот.

3-kratki-poucni-prikazni-01.jpg

Овие 3 кратки поучни приказни е пожелно да им ги раскажете на сите луѓе коишто ги сакате и ви значат нешто во животот:

ТАТКО И СИН

Една постара жена се качила во возот, исто како и секој претходен ден. По неколку станици забележала дека се качиле татко и неговиот веќе возрасен син. Тие седнале веднаш спроти неа.

Наскоро синот започнал гласно да му зборува на таткото, да му ги опишува облаците, зградите и дрвјата што ги гледа, додека возот ги одминува.

По некое време, жената не можела повеќе да се воздржи, па му рекла на таткото: „Извинете, но дали сте размислиле дека можеби треба да го однесете синот на доктор?“

Таткото одговорил: „Всушност, од таму и доаѓаме. Знаете, син ми беше слеп од раѓање, а ова е првиот ден во којшто прогледа“.

Жената замолчела. Никогаш не претпоставувајте дека ја знаете туѓата приказна.

МАГАРЕТО И ДУПКАТА

Еден фармер имал огромно парче земја, толку големо што никогаш не успеал да го помине целото. Еден ден седнал на магарето и решил да провери што сè има на неа.

По 3 часа, магарето паднало во огромна дупка. Фармерот бил очаен, бидејќи никако не можел да го извлече од неа. Не сакал да дозволи магарето да умре во болки, па решил да го закопа и да му ги скрати маките.

Но, штом фармерот ќе фрлел лопата со земја врз магарето, тоа ќе ја истресело од грбот и ќе застанело врз неа. По 3 дена во дупката веќе имало доволно земја така што магарето можело да излезе од неа.

ПАРАДАТА НА СЛОНОВИТЕ

Сопственикот на циркусот имал 10 слонови. Ги водел насекаде низ светот, а тие изведувале трикови пред публиката. Еден ден, едно момче го прашало како успева да ги контролира слоновите, бидејќи тие се врзани со обичен, тенок конец.

„Овие слонови ги имам од кога беа мали. Кога им го врзав конецот за нозете, не можеа да побегнат, ниту да го скинат. Како мали сфатија дека конецот е непобедлив. Сега се постари, но и понатаму веруваат дека конецот е појак од нив и воопшто не се обидуваат да избегаат“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg