Ако не сте среќни таму каде што сте - помрднете се. Не сте дрво, немате корени

Во животот неретко се задоволуваме со она што мислиме дека е исправно и сигурно. Се плашиме од промените.

vie-ne-ste-drvo-ako-ne-ste-srekjni-tamu-kaj-shto-ste-pomrdnete-se-01.jpg

Се плашиме да излеземе од нашата удобна зона и да се соочиме со светот, без нештата на коишто сме се навикнале.

Страв ни е да одиме подалеку, бидејќи зад себе не можеме да ги оставиме луѓето и местата што ги знаеме.

Така гледаме на себе и на својата среќа и го губиме животот на погрешно место, кога всушност треба да се движиме сè подалеку.

Ако не сте среќни каде што сте сега, придвижете се! Вие не сте дрво. Не мора засекогаш да останете нa едно место.

Ако луѓето околу вас не ве прават среќни, оставете ги зад вас. Ако секојпат кога ќе ги сретнете чувствувате дека нешто не е во ред, оддалечете се од нив.

Не им дозволувајте да ви го губат времето. Не им дозволувајте да ви ја крадат енергијата.

Ова не значи дека мора целосно да ги отстраните од вашиот живот. Наместо тоа, одлучете да не минувате време со луѓе кои ви создаваат стрес. Престанете да се задоволувате со вакви врски и разговори.

Ако вашето работно место ве прави несреќни, тргнете се. Ако повеќе не можете да учите и да созревате на работното место, продолжете напред и најдете друга работа.

Трошењето време на работа која прави да се чувствувате тажно и исцрпено е само токсично за вас. Без разлика на платата, не треба поголемиот дел од денот да го поминете чувствувајќи незадоволство.

Вашата среќа е она што го дефинира вашиот успех. Ако не сте среќни, нема никогаш да бидете успешни.

Можеби на професионално поле сте забележале успех, но однатре нема да се чувствувате исполнето.

vie-ne-ste-drvo-ako-ne-ste-srekjni-tamu-kaj-shto-ste-pomrdnete-se-02.jpg

Ако не сте среќни во градот во којшто живеете, преселете се. Немојте да останете на едно место само затоа што ви е познато и удобно.

Ако останете таму само затоа што ви е страв, би требало добро да размислете за вашите одлуки.

Бидејќи, кога најмногу ви е страв да преземете нешто, тогаш треба да го направите тоа. Во спротивно, целиот живот ќе бидете заробени на едно место.

Вашиот дом е местото каде што се чувствувате среќно, а не сигурно.

Ако сте незадоволни во љубовта, променете нешто. Вашиот партнер не е последната личност на Земјата.

Вашата врска треба да ве исполнува и да ве прави среќни. Во врската треба да растете и да созревате, а не да бидете тажни.

Поради ова, не дозволувајте си да се помирите со таква врска.

Ако не сте задоволни од вашата животна ситуација, променете ја. Без разлика дали станува збор за вашата кариера или факултет, ако сфатите дека сте направиле погрешен избор, застанете и сменете го патот.

Немојте да губите време, пари и труд на нешто што не ве прави среќни. Дури и ако тоа значи да изгубите некоја година или дa треба да почнете од почеток.

Направете го тоа секогаш кога не сте задоволни од својот живот. Направете го одново и следниот пат мудро одберете.

Ако вашиот живот ве прави тажни, променете ја вашата перспектива. Гледајте го животот од друг агол.

Престанете да се фокусирате на нештата што не можете да ги контролирате. Фокусирајте се на себе и на она што можете да го направите за себе.

Заменете го песимизмот со оптимизам, и ќе забележите дека нештата ќе почнат да се менуваат на подобро.

Извор

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg