Моментот кога сфатив дека мојот син не е веќе бебе, туку дете - насмеано срце и солзи во очите

Денес, додека шетав низ продавници, морав да поминам во другиот дел. Знаете, оној дел каде што стои облеката за деца над 4 години. За големите деца.

momentot-koga-sfativ-deka-mojot-sin-ne-e-veke-bebe-tuku-dete-nasmeano-srce-i-solzi-vo-ocite-01.jpg

Ќе си речете „И што? Голема работа.“ Веројатно затоа што сѐ уште не сте се нашле во оваа ситуација.

Утрово, нашиот 4 годишен син стоеше во кујната кога забележав колку му се кратки ногавиците од пижамите. Како прекуноќ да се издолжи. Беше очигледно дека треба да му купиме еден број поголеми. И тргнав во потрага. Ништо страшно.

Освен што за моето срце ова беше навистина голема работа.

Стоев среде продавницата и сфатив дека моето дете веќе не е мало. Дека е веќе момче. Не бебе.

Го гледам како расте пред моите очи. Забележувам како му се менува лицето и започнува да изгледа поинаку. Колку многу работи зборува и кажува – понекогаш звучи како возрасен. Си го подготвува појадокот сам. Си го мести креветот. Сѐ почесто ми вели „Не благодарам мамо, не ми треба помош“.

Да, тоа и е поентата во животот, да ги научиш да бидат самостојни, но некако тешко го прифаќам сето ова.

Бидејќи во мојата глава, тој е сѐ уште бебе. Она слатко, насмеано, неодоливо бебе како кога го донесовме првиот ден дома од болница.

Срцето не ми е подготвено да прифати дека тој е сега момче и додека да трепнам ќе треба да оди на училиште. Дека наскоро ќе биде висок колку мене.

Грабнав пижами со Спајдермен и застанав во редот на касата.

На патот кон дома се сеќавав на сите најубави моменти. Првиот пат кога застана на нозе, првиот пат кога ми рече „мама“, првиот пат кога ме прегрна пред да одам на работа и ми рече „чао“.

Потоа гордо се сетив на тоа какво дете е денес. Учи да чита. Умен. Сака кошарка. Го впива целиот свет околу себе.

И се сетив на сите работи кои ни ги носи иднината.

И се насмевнав низ насолзени очи.

Штом стигнав дома, трчајќи дојде до вратата и со широка насмевка ја зема кесичката со пижамите и веднаш си ги облече.

Ми порасна детето, но сѐ додека сме среќни, срцето ми е исполнето.

А пижамите со Спајдермен? Таман му се!

Извор | фото:depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg