Кога јас бев повредена, срцето те болеше и тебе - сега, кога станав мајка, сè ми е појасно мамо...

Драга Мамо...Има толку многу работи кои не ги знам за тебе и толку многу работи кои не сум ги забележала додека растев.

go-delese-sekoj-zalak-nikogas-nemase-vreme-za-sebe-sega-koga-stanav-majka-se-mi-e-pojasno-mamo-01.jpg

Но, сега ми е јасно.

Не бев свесна за сите жртви и работи од кои си се откажала заради мене. Не забележував дека ти се тушираш со ладна вода, за јас да можам да имам топла бања. Или дека секогаш ја делеше храната со мене дури и кога си била гладна – само затоа што мене ми текнало дека сакам да јадам од твојот оброк. И секогаш ми го даваше најубавото залче.

Како ме оставаше да спијам потпрена на твоето рамо иако не ти беше удобно.

Спиеше како кифла свиткана на мојот кревет само затоа што мене ми беше страв да спијам сама.

Не сум имала претстава колку си била загрижена за мене. Ниту колку си била исплашена кога ќе се разболам. Не сум размислувала колку внимаваш на мојата безбедност. Колку е страшен овој свет кога ќе сфатиш дека твоето дете треба да живее во него.

Не сум забележувала дека целиот твој ден е организиран според моите желби и потреби. Кога да станам, да ме облечеш, да ми подготвиш доручек, ручек, вечера, ужина...да ме однесеш на часови, на спорт, на играње, на роденден...да ме земеш.

Ти речиси никогаш немаше време за себе, но дури и кога ќе одеше некаде сама, ти недостасував.

Не знаев дека и твоето срце се кршеше на парчиња, секогаш кога моето беше скршено. Не забележував дека кога јас бев повредена, те болеше и тебе.

Не забележав колку се трудеше за јас да имам добар живот. Да бидам среќна. Дека беше подготвена да жртвуваш сè што имаш дури и својот живот за мене.  

Не ги знаев овие работи сè додека не станав и јас мајка. Не бев свесна колкав дел од твоето срце имам јас, сè додека моите деца не ми го освоија моето срце.

Но, сега, сега ми е појасно.

И сега кога станав мајка, сфатив уште неколку важни работи:

Дека кога моите деца ќе се разболат, многу ми е подобро и полесно ако ти си тука. Затоа што ти знаеш што да направиш, исто како што правеше со мене.

Не бев свесна за олеснувањето кое го чувствувам кога ќе влезеш низ вратата за да ми помогнеш со децата.

Немав претстава дека ќе имам толкав проблем со довербата – да ги оставам децата на некого, но со тебе е многу лесно.

Немав претстава дека и кога ќе имам деца, ти ќе бидеш првата личност кај која ќе наоѓам сигурност.

Ти си мојата сигурност, твојата прегратка ми дава сила мамо. Засекогаш.

Ти благодарам што си најдобрата мајка која можев да ја добијам!

Те сака,

Твојата ќерка

Извор| фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg