Кога ова ќе заврши, никогаш повеќе да не ги земаме „здраво за готово“...

Можеби сте осамени. Веројатно ви доаѓа на моменти да вреснете. Сакате да излезете на воздух. Да одите на училиште и на работа. Да ги прошетате децата во паркот. Да си ги видите пријателите и семејството...

koga-ova-ke-zavrsi-nikogas-poveke-da-ne-gi-zemame-zdravo-za-gotovo-01.jpg

Кога ова ќе заврши, никогаш повеќе да не ги земаме „здраво за готово“:

Ракувањето со сосема непознати луѓе, полните полици во маркетите, долгите разговори со соседите во маалото, лифтот, на паркингот.

Театрите полни со публика.

Излегувањето во петок навечер.

Викендите во парк.

Утринските шеги со колегите.

Фамилијарните ручеци.

Вкусот на дружењето.

Рутинската проверка на здравјето.

Гужвата во сообраќајот секое утро.

Кафето со пријателите.

Песната на стадионите.

Секој здив.

Здодевниот вторник.

Животот.

Кога ова ќе заврши, да станеме луѓе какви што се надеваме дека ќе бидеме и да останеме такви – подобри едни со други, како што нѐ научи „ова лошото“.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg