„Заедно сме посилни - Ајде да планираме како ќе ги гушнеме сите оние кои ги обожаваме после сето ова...“

Ајде заедно да заборавиме на ова сега, за момент, два, три.

Zaedno-sme-posilni-01.jpg

Ајде да зборуваме за нас, какви сме, бестрашни, подготвени на сè, лукави откачени сонувачи.

Ајде да се држиме малку заедно, како што некогаш постојано го правевме тоа, 

од навика да си ја пуштиме фантазијата, малку да ја замислуваме иднината, летото, плажата, морето, ноќите кои ќе ги поминеме со саканите луѓе.

Ајде да се радуваме, да се смееме за прошетките низ градот кои ни претстојат понатаму.

Кога ќе помине лошото.

Сè затоа што бевме грижливи и благодарни.

Ние не се трудевме. Такви сме отсекогаш.

Ајде да планираме како ќе ги гушнеме сите оние кои ги обожаваме кога сè ова ќе биде зад нас.

Дека некого ќе го фатиме за рака одлучно, а не недоверливо.

Ајде да си кажеме дека ќе бидеме малку похрабри, малку со зборовите, малку со животот бидејќи сè ова нè тера на размислување, премерување, слушање на себеси повеќе отколку кога било.

Ајде малку повеќе да ги цениме работите кои ги забораваме кога се брзаме поради некои други грижи.

Ајде заедно, за момент, два, три да ги слушнеме птиците, гитарата од соседниот стан, тивкиот глас кој пее со неа, да го почувствуваме мирисот на кафето, на земјата после дождот.

Ајде заедно да се насочиме кон она што сите го сакаме, сите во истиот глас, сите со истата мисла.

Затоа што го знаете она што ни го зборуваа уште од малечки.

„Заедно сме посилни“

И не е некое клише.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg