Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мажу, каква жена си избрал говори за тебе многу погласно од сѐ друго

Потсети се каква лавица беше уште кога ја запозна и нагласи си дека не сакаш да биде ништо помалку од тоа. Не се труди да ја промениш, затоа што на лав како тебе само таква лавица покрај себе му прилега да има.

mazhu-kakva-zhena-si-izbral-govori-za-tebe-mnogu-poglasno-od-s-drugo-01.jpg

Знаеш твојата партнерка, таа што ја држиш за рака говори за тебе погласно од секој твој изговорен збор.

Тоа што таа е интелигентна, социјална, убава, забавна говори дека во себе носиш многу квалитети.

Тоа што е силна, пркосна, истрајна, вредна говори дека најверојатно и ти си ист таков што такво жениште си успеал да освоиш.

Таа што чекори со високо крената глава и изгледа најдобро дури и кога се чувствува најлошо говори дека и ти си силен човек затоа што силните ги препознаваат силните.

Секој нејзин успех, секој нејзин потег, секој нејзин сон сфати го како свој комплимент.

И знај дека луѓето секогаш те ценат повеќе кога ќе ја видат како грациозно чекори покрај тебе со развиорена коса.

И колегите би сакале жена како неа и колешките посакуваат маж налик тебе кој успеал да освои таква жена.

Во сечии очи те прави помудар, поубав, повреден, таа е твоето огледало. Нејзиното постоење во твојот живот говори за твојот квалитет.

Ти само треба да знаеш како да ја чуваш. Треба да ѝ кажеш и покажеш дека е ценета.

Слободно кажи ѝ дека си горд на неа. Искрено речи ѝ дека си среќен што си ја сретнал.

Довери ѝ се дека животот не можеш да си го замислиш со друга жена покрај себе. Откриј ѝ дека и кога сакаш да ја споредиш со било која друга таа е неспоредлива.

Сакај ја својата силна жена. Дури и кога е тешко и кога ти изгледа дека таа едноставно е премногу на моменти и тивко си посакуваш некое потчинето женче, кое само ќе ти клима со главата, потсети се дека токму во нејзината сила се вљуби.

Потсети се каква лавица беше уште кога ја запозна и нагласи си дека не сакаш да биде ништо помалку од тоа.

Затоа што на лав како тебе само таква лавица покрај себе му прилега да има.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во автобус од Скопје до Милано патував со жена на која сè ѝ пречеше и само се бунеше - Зошто не е уб... На почеток да појаснам која е „Славица“ (ако не знаете) - тоа е секоја жена на к...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Си била една жена и отишла во продавница за мажи... На првиот кат пишувало: „Овие мажи имаат работа“. На вториот кат пишувало: „Овие...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница „Вашата секси љубовница можеби е нечија здодевна жена, а вашата здодевна жена не...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg