Речиси сите што ги познавам децата им се во странство, родителите со мешани реакции – се селат поради парите, но и менталитетот

Мислам дека не постои човек во моето поблиско опкружување од постарите генерации чии деца или барем едно дете не е во странство. Раселени низ Европа, или уште подалеку – Америка, Канада, Австралија или Нов Зеланд, масовното иселување на младите генерации е суров факт кој ни ги одбележува последните 10-тина години.

Decata-vo-stranstvo-roditelite-so-meshani-reakcii-01.jpg

Зошто се селат младите? Генерално, заради парите. Но, тие не се единствената причина. Неможноста да се најде добро платена работа, но и работна атмосфера каде што ќе се чувствуваш ценето, почитувано и вреднувано. Можноста да се напредува, платата и бенефициите да се зголемуваат, наместо да се намалуваат е фикција во Македонија, а реалност во другите, поразвиени држави.

Но, според многу од нив, парите и не се сè во животот. Македонија е едноставно гнило место за живот, со ниска свест и речиси непостоечки вредности на однесување. Никако да го надминеме нашиот менталитет на „ти реков-ми рече“, „да му умре козата на комшијата, „можеби не сум среќен, но сакам и ти да бидеш несреќен“. Луѓето постојано си го пикаат носот таму каде што не треба и знаат многу подобро како треба да си го живеете вашиот живот отколку вие самите.

Загадувањето и проблемите со отпадот се капаче на проблемите. Животот во Македонија, особено во текот на зимските месеци во најзагадените подрачја е апсолутно невозможен. Некои токму ова го сметаат за преседан – нема живот каде што нема ни чист воздух.

Генерално сите се разочарани многу и од здравството, образованието, а најмногу од корупцијата и лошиот правосуден систем. Може да те згазат на улица и никој да не одговара за твојата смрт. Или да го започнеш својот мал бизнис и да ти го затворат за помалку од 6 месеци.

Ваквите напластени разочарувањата резултираат со иселување од сопствената држава и дом. Родителите се со мешани реакции. Некои се гордеат што децата смогнале сила и храброст да го направат овој чекор и потврдуваат дека таму живеат многу подобро. Други пак се во солзи и неверување како децата заминале. Што прават сега таму, како ли крпат крај со крај? За кого ја правевме оваа огромна куќа тука? Кој ќе нè догледа на старост?

Имаме исклучително лоши проекции кога станува збор за иселениците во странство. Едната крајност е дека тие не гледаат ни ден ни ноќ, само работат и работат до изнемоштување, без никаков социјален живот, отуѓени и осамени. Другата е дека само уживаат, а парите им врнат од небото или растат на дрвјата, а тие само ги собираат. А вистината е веројатно некаде помеѓу.

Да, Македонија е уникатна и никаде не може да се најдат нејзините специфични особености-природата, храната, па дури и дискутабилниот менталитет на населението кој сепак носи некој шарм во себе. Но, кога ќе премериш сè на кантар, веројатно вреди да заминеш. Барем да си ја пробаш среќата ако ништо друго. Малкумина од тие што заминале се покајале за својата одлука. Поголемиот дел не ни помислуваат за враќање назад.

А јас, јас само се прашувам ќе продолжи ли трендот на масовно иселување или конечно Македонија ќе започне да наликува на држава достоинствена за живот, земја во која би посакал да се вратиш назад или никогаш да не заминеш од неа?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни припаѓаат на авторот и зад истите лични мислења не стои целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава