Сите навидум се за „жени поддржуваат жени“ и сите се озборуваат и си зариваат нож во грбот

Имам колешка која е апсолутно прекрасна. Паметна е, вредна, секогаш насмеана и пријатна. Таа е трн во окото на сите останати. 

Site-navidum-se-za-Zeni-poddrzuvaat-zeni-01.jpg

Иако не им направила ништо на другите, кога ги одминува, откако културно ги отпоздравила, другите жени ги превртуваат очите. Никогаш, со ништо не покажала дека се смета за нешто повеќе од нив, но тоа не ги спречува да ја нарекуваат лигава, дигната и лицемерна.

Иако претходно ѝ дале комплимент за нејзиниот изглед или шминката, откако таа ќе си замине задолжително додаваат: ама премногу е за на работа. Ама прекратко се носи. Ама зошто секогаш е насмеана, да не мисли дека живее подобар живот од нас другите?

Види ја ама се здебелила, мора да е многу несреќна. Види ама ослабела, мора да е многу несреќна.

„Супер изгледаш срце, претходно беше како испиена во ликот. Супер изгледаш душо, претходно образите ти беа многу полнички“.

Кога гледаме прекрасна, средена девојка – „мора да е празноглава и глупава како лејка. Сигурно е „лесна“ женска!“

Кога пред нас се појавува жена на која не ѝ е премногу гајле за сопствениот изглед – „види ја, кај оди оваа исплакнатава? Грозно ми е што ја гледам ваква несредена“.

Сите се навидум за паролата „сакајте се такви какви што сте“, но кога жените се појавуваат онакви какви што се, на сите магично им се наоѓа замерка за изгледот.

Си се облекла во претесно. Што си се закопчала до грло? Зошто си постојано во патики? Аман, не се симна од штикли значи. Зошто си ја скратила косата толку многу? Зошто не ја шишнеш таа расцветана метла? Зошто си толку нашминкана? Зошто воопшто не носиш шминка?

Паметните жени само ќе одмавнат со кратката коса или подолгата со малку расцветани врвови и ќе ги одминат оние коишто имаат мислење за сè, освен за себеси. Смотаните ќе се нервираат и ќе плачат, прашувајќи се каде погрешиле и зошто не може да им се допаднат на луѓето.

Не можете. Макар да им дадете сè сервирано на тацна, да бидете најдобрите на светот, да им го препишете своето живеалиште, пак ќе ви најдат маани. Нема да им угодите. Слично како и мојата колешка која никому не му направила ништо лошо, ама е непријател број еден.

Што е секако смешно и тажно. Наместо да се поддржуваме, ние се оцрнуваме. Потоа бараме некој друг да нè сака или да нè почитува. Си зариваме нож во грбот откако претходно сме си поделиле тон лажни насмевки и уште полажни комплименти.

На крајот од денот важна е само самодовербата. А таа не се зголемува со омаловажување и озборување на другите жени. И нормално, мислите кои ги имате за другите околу вас. А ако тие се лоши, и вие сте лоши.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg