Бидете нежни и трпеливи со другите, не сте изоделе ниту чекор во нивните чевли

Сликајте се повеќе со саканите. Кажувајте почесто те сакам. Впрочем, кажувајте им секој ден – те сакам. Не си легнувајте налутени. Нека добрина и љубезност ви го преплават срцето и душата. Толку многу што таа ќе се излева од вас и ќе се рефлектира врз другите кои ќе учат од вашиот пример.

Bidete-trpelivi-so-drugite-01.jpgфото: pixabay.com

Бидете трпеливи со себеси, но и со другите. Гледате само една мала сликичка за личноста пред вас. Не сте изоделе ниту чекор во нивните чевли и не знаете какви темнини се кријат во нивната душа. Лесно е да се биде безобразен и надмен. Тешко е да се остане приземјен и љубезен.

Слушајте внимателно за да ве сослушаат и вас кога ќе ви дојде редот да зборувате. Подарувајте без причина. Не чекајте родендени, годишнини, поводи, празници. Луѓето ги радуваат деталите, ситниците, вниманието. Навистина, најважно е подарокот да биде од срце.

Не правете го она што не сакате да ви го прави некој вам. Чистата совест е најмеката перница. Радувајте му се на секој ден, сончев или дождлив. Тука сте, живи сте, дишете, тука се и вашите сакани. Здрави сте, што може да посакате повеќе?

И сакајте. Сакајте силно, сакајте со цело срце. Себеси, ближните, другите, природата. Наместо омраза подарете љубов, животот е толку многу краток.

Еден ден ќе се разбудите во телото на старец. Лицето ќе ви биде продлабено со брчки, кожата свисната, а коските крцкави и уморни. Но, доколку со насмевка се присетите на сета убавина која сте ја виделе, почувствувале и подариле во животот и ве преплави љубов и нежност, знајте дека вашиот живот не бил залуден.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg