Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Погледни надвор од кутијата“ – приказна за стариот лихвар, селанецот и ќерката, која во себе крие силна порака

Кратките, инспиративни приказни во себе умеат да кријат навистина моќни и поучни пораки.

Pogledni-nadvor-od-kutijata-prikazna-za-stariot-lihvar-selanecot-i-kjerkata-koja-vo-sebe-krie-silna poraka 01 630x330.jpg

Некои од нив се легенди, стари илјадници години, но без разлика на тоа дали станува збор за вистински приказни или пак не, тие во себе содржат толку мудрости, што повеќето од нив навистина можат да нѐ натераат да размислиме, па дури и моменти да не остават без зборови.

Една од таквите приказни е токму следната:

Пред повеќе од илјадници години, во мало гратче во Италија живеел еден средновечен селанец, сопственик на мал бизнис, кој должел голема сума пари на градскиот, вообразен лихвар.

Лихварот бил многу стар, неговата кожа била збрчкана, така што очите одвај му ѕиркале од густите, шумести веѓи.

Сепак, покрај неговата очигледна старост, тој правел сѐ со цел да ѝ се допадне на ќерката на чесниот селанец.

Стариот лихвар одлучил да му понуди на селанецот еден вид на договор, со кој доколку го прифати - целосно ќе го избрише заостанатиот долг, а условот за тоа бил да му дозволи да се ожени со неговата ќерка.

Селанецот веднаш се спротиставил, но на тоа немилосрдниот лихвар му кажал дека доколку не ги врати парите за точно седум дена, ќе нареди да го погубат.

Откако кутриот средновечен селанец се вратил дома, тој ѝ раскажал сѐ на својата ќерка.

На тоа таа одговорила: „Татко, од мајка ги наследив убавината и добрината, а пак од тебе мудроста и снаодливоста, остави на мене, ќе го надитрам стариот лихвар!“

Следното утро, двајцата се упатиле кон куќата на лихварот и му соопштиле дека го прифаќаат неговиот договор. Но, овој пак се посомневал и решил како многупати, и овојпат да изигра „валкано“.

Во својата торба тој ставил две камчиња, едно бело и едно црно. Убавата, млада девојка требала да посегне во торбата и да одбере едно од камчињата.

Доколку таа го одберела црното, долгот ќе бил избришан, но сепак ќе морала да се омажи за него, а доколку посегнела по белото, долгот исто така ќе бил избришан, но во тој случај не би морала да се омажи за стариот лихвар.

Стоејќи на расфрланата патека со камчиња во градината, лихварот се наведнал и зел две камчиња.

Додека ги подигнувал, итрата ќерка забележала дека наместо црно и бело, тој зел две црни камчиња и ги ставил во торбата.

Лихварот ја замолил младата девојка да посегне во торбата и да одбере едно.

Брзо, размислувајќи, таа сфатила дека ѝ преостануваат три опции: да одбие да земе од камчињата во торбата, да ги извади двете црни камчиња и да го обвини лихварот за измама, или пак да земе едно од камчињата во торбата, знаејќи дека и двете се црни и да се жртвува за слободата на нејзиниот татко.

Таа полека посегнала кон торбата и од неа извадила едно од камчињата, но пред да го погледне „случајно“ го испуштила во средина, покрај другите камчиња на патеката.

Одеднаш извикала „Ох, колку сум несмасна. Извинете ме ве молам, ако немате ништо против, погледнете во торбата – според она што остана внатре, ќе можете да ми кажете кое камче го одбрав“.

Бидејќи лихварот знаел дека камчето во торбата исто така е црно и ќе мора да го покаже пред другите, а не сакал да го откријат, тој морал да каже дека камчето што ќерката го испуштила било бело и да го расчисти долгот на нејзиниот татко.

Порака која можеме да ја извлечеме:

Речиси секогаш е можно да се надмине тешката ситуација, доколку се обидеме да размислиме „надвор од кутијата“ и да не се предадеме на единствените опции за кои сметаме дека треба да ги избереме.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во автобус од Скопје до Милано патував со жена на која сè ѝ пречеше и само се бунеше - Зошто не е уб... На почеток да појаснам која е „Славица“ (ако не знаете) - тоа е секоја жена на к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg