Нема фајде од цвеќиња после смртта, носете им ги на саканите додека се живи

Нема фајде од цвеќињата кои ги носиме на гробовите. Знам дека звучи грубо и безнадежно, но таа е вистината. Да го искорнам срцето од градите, нема да ги вратам саканите. Да земам да легнам до нив, тие нема да станат од земјата. Ништо нема да ни ги врати.

nema-fajde-od-cvekinja-posle-smrtta-nosete-im-gi-na-lugjeto-dodeka-se-zivi-01.jpg

Но, тука ни се спомените. Тие нè топлат во деновите кога се вовлекува студенило во душата. Кога наздравуваме со нивниот омилен пијалак, споменувајќи ги на глас.

Кога ги правиме нивните омилени десерти, пробувајќи со слаткиот вкус да ја избришеме горчината во устата. Тука се саканите, на сите стари фотографии во албумите и оние што грижливо ги чуваме во кутиите од бонбониери.

Тука се милите, во секое ќоше од мојот ум, им се навраќам кога сум среќна, кога сум тажна, со мислата „Ех, да беше тука … да можев да те гушнам само уште еднаш. И да ти кажам колку многу те сакав“.

И затоа велам, нема фајде од цвеќиња кога веќе си заминале. Носете им ги додека се живи. Подарувајте додека сè уште може да ги мириснат. Слушајте ги по неколкупати во денот.

Сакајте ги со дела, но не заборавајте и на зборовите, бидејќи и тие се подеднакво важни. Кажувајте „те сакам“ колку што е можно повеќе и почесто.

Гушкајте ги до крцкање ковчиња. Смејте се почесто. Фотографирајте се. Еден ден ќе ви биде криво зошто немате повеќе заеднички фотографии. Поминувајте повеќе време заедно. Макар и во расправија. И тоа ќе помине. Сè додека сте заедно, ќе помине сè.

Кога саканиот ќе замине, не поминува. И ниту еден цвет нема да ја направи разликата.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg