Не чувајте ништо „за специјални“ пригоди - 10 работи на кои ме научи времето

10-raboti-na-koi-me-nauci-vremeto-01.jpg

Совети кои секој треба да ги прочита и примени за подобар живот:

1. Најголем дел од животот го поминуваме во трка за остварување на лажни цели, обожувајќи лажни идеали. Денот кога ќе го сфатите ова е денот кога ќе започнете вистински да живеете.

2. Навистина не можете секогаш да им удоволите на сите луѓе околу вас. Прво задоволете ги своите желби и потреби, а потоа на саканите. Сите други секако се зафатени со исполнување на сопствените желби.

3. Да се борите против процесот на стареење е како да се обидувате да го фатите ветрот. Препуштете му се, уживајте. Вашето тело се менува, но тоа се случува откако сте родени.

Не губете си го времето за да го смените текот на процесот, наместо тоа сменете го начинот на размислување и откријте ја убавината во новото.

4. Никој не е совршен и никој не е целосно задоволен од себеси. Кога ова еднаш ќе го сфатите ќе престанете да се споредувате со други луѓе и ќе се ослободите од предрасудите. Ова е навистина ослободително чувство.

5. Никој не може да ги види работите коишто ги правите онака како што треба, сите ги гледаат само вашите грешки. Кога ова ќе ви стане јасно ќе почнете да ги правите работите поради вистинските причини и ќе почнете многу повеќе да се забавувате.

6. Ќе зажалите за времето коешто сте го потрошиле презирајќи го својот изглед. Колку порано ќе го прифатите телото во коешто живее вашата душа, толку подобро. Вашето тело е неверојатно и важно, но не ја дефинира личноста којашто сте.

7. Вашето здравје е несомнено важно, но стресот, стравот и грижите можат да направат многу повеќе штета отколку каква било вкусна храна или пијалак (секако, во разумни количини) кои си ги ограничувате себеси. Среќата и мирот се најдобриот лек.

8. Кој ќе ве памети и по што станува особено битен фактор како што стареете. Вашата љубов и мудроста ќе продолжат да живеат многу подолго отколку каков било материјален предмет. Раскажувајте ги вашите приказни, тие може да патуваат многу подалеку отколку што може да замислите.

9. Не поминуваме премногу време на земјата, но доколку живеете наспроти ветрот, животот може да изгледа како доживотна казна. Животот не треба да изгледа како обврска, треба да го чувствувате како авантура.

10. Секогаш, секогаш пијте од убавиот шампањ/вино/виски и користете ги работите коишто ги чувате „за специјални“ пригоди. Утрешнината не е загарантирана никому. Сегашниот миг е подарок. Јадете, пијте и бидете весели.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg